Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, вели Гаши

    09/12/2025

    КФСМ на средба со Борко Ристовски: Во среда ќе биде познато дали ќе се игра кошарка!

    09/12/2025

    HUGEL со голем спектакл во Скопје на 13 март 2026

    09/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Продолжува собраниската комисиска расправа за предлог-буџетот за 2026 година
    Политика

    Продолжува собраниската комисиска расправа за предлог-буџетот за 2026 година

    17/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет“, рече во петокот министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложи предлог-буџетот за 2026 година.

    Како што напомена Димитриеска-Кочоска, Владата ја зајакнува довербата во институциите, ја поддржува улогата на приватниот сектор како двигател на економскиот раст и создава услови за интензивирање на домашните и странските инвестиции.

    Со Предлог-буџетот за 2026 година, дополни, Владата ја задржува  конзистентноста во економските политики и континуитетот со Фискалната стратегија 2026–2030 година.

    „Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме паметно, дисциплинирано и визионерски, дури и во време на предизвици. Овој документ зборува за економија што расте, за држава што инвестира и за Влада што знае што прави“, потенцира министерката.

    Според неа, најважно за оваа Влада е тоа што не зборува многу, туку испорачува.

    „Ветивме постепена фискална консолидација, како пред граѓаните така и пред меѓународните финансиски институции и остануваме на ветеното“, подвлече Димитриеска – Кочоска.

    Приватната потрошувачка, е проектирана со раст од 2,6%, јавната потрошувачка ќе се одржи умерена, со раст од 1,4% во насока на фискална дисциплина, а инфлацијата ќе се стабилизира околу 2,5%, во услови на стабилни цени на меѓународните пазари. Позитивните трендови ќе се одразат и на пазарот на труд – се очекува раст на вработеноста и зголемување на просечната нето-плата за 6,5%. Ова ќе биде како резултат на отворање нови производствени капацитети, проширување на постојните, како и на активните мерки и програми за вработување што Владата ги спроведува.

    „Вкупно гледано, проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија“, кажа министерката.

    Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани.

    Пленарната седница на која ќе се разгледува предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

    Поврзани вести

    Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, вели Гаши

    09/12/2025

    Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација

    08/12/2025

    Средби на Гаши во Доха со државниот врв на Катар

    07/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.