Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, вели Гаши

    09/12/2025

    КФСМ на средба со Борко Ристовски: Во среда ќе биде познато дали ќе се игра кошарка!

    09/12/2025

    HUGEL со голем спектакл во Скопје на 13 март 2026

    09/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од политиката
    Политика

    Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од политиката

    14/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email
    Во своето обраќање до јавноста објавено на неговиот фејсбук профил, Лога пишува дека по подолг период на анализа, одлучил да се повлече од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села.
    „Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе, искрени пријатели и оддадени соработници. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас, исто како што и ние оставивме трага во тие битки. Ова мое политичко патување секогаш беше искрено и вистинско. Во текот на дебатите, критиките и судирите, можно е понекогаш да сум претерал. Доколку некој се почувствувал повреден од мојот збор или однесување, искрено му се извинувам. Секогаш сум ги кажувал своите ставови, убедувања и вистини без да ја пресметувам цената што тие можат да ја носат. Дури и кога тие не биле популарни, сум одбрал да не ги сокријам, затоа што вистината и иднината бараат храброст. Во овој период имав чест да ја извршувам функцијата генерален секретар, а подоцна и потпретседател на партијата. Ова беше можно единствено благодарение на поддршката од членовите и активистите на Алијансата за Албанците, на кои им упатувам искрена благодарност. Не ги заборавам ниту гласачите на Европскиот фронт и на Националната Алијанса за Интеграција, кои ја покажаа довербата во нашето дејствување. Јас сум израснат во семејна, политичка и патриотска средина, роден во семејство кое избрало опстанок понекогаш преку земјоделство, а понекогаш преку печалба, единствено за да може полесно да се спротивстави и да се соочи со југословенскиот режим. Израснав меѓу двајца браќа кои останале без имиња до прво одделение, бидејќи режимот не дозволувал ‘иредентистички’ албански имиња, израснав опкружен со фамилијарни политички затвореници, диференцирани и прогонувани, воспитан со духот на националната преродба и патриотизмот – дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на улогата што животот ќе ми ја понуди. Имам многу што да раскажам… Се надевам дека еден ден ќе најдам храброст сето тоа да го ставам на хартија“, пишува Лога.
    Лога додава дека Македонија заслужува да се издигне како слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани. Според него, многу предизвици се надминати, а многу други сè уште треба да се соочат со внимание, храброст и мудрост.
    „Ни останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом сакан и почитуван од сите. Ќе бидам меѓу луѓето, но отсега во еден послободен и независен пат, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето“, заклучува Лога во своето обраќање до јавноста објавено на неговиот фејсбук профил.
    Кренар Лога беше министер за правда во Владата кога премиер беше Димитар Ковачевски. Претходно беше член на Државната изборна комисија (ДИК). Лога дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово каде и магистрирал на отсекот дипломатија каде извесен период бил и демонстратор. Пред да стане член на ДИК, а подоцна и министер за правда, Лога работел како советник за правни работи во извесна фирма Фиторе по што е назначен за заменик директор на Управа на финансиска полиција. По ова кариерата ја продолжил како советник за правни работи во Општина Тетово и шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Струга, но и раководител на секторот за правни прашања и општи работи, а стугнал и до позицијата секретар на општина Струга. Бил извршен директор на Институтот за јавна политика Арбен Џафери, а бил и раководител на сектор за управување со човечки ресурси во Државно правобранителство.
    Во Алијанса за Албанците, Лога ги извршуваше функциите генерален секретар, а подоцна и потпретседател на партијата.

    Поврзани вести

    Иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, вели Гаши

    09/12/2025

    Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација

    08/12/2025

    Средби на Гаши во Доха со државниот врв на Катар

    07/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.