После тие 0:1 за Велс синоќа во Вадуц, се е јасно. На нашата најдобра фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф (20:45 ч), доволен ќе и биде и бод за да стави печат на тоа второ место во групата Ј за пласман на Мундијалот. Секако тука е и таа луда теорија, ако Белгија дома биде поразена од Лихтенштајн, Македонија со победа во Велс го освои тоа прво место во групата и обезбеди директент пласман на Мундијалот.
Од друга страна јасно е дека тоа не е возможно, се знае каква е разликата во квалитет и само катаклизма може да ја спречи Белгија да не заврши како прва.
Инаку Македонија во изминатиот дел од квалификациите во групата Ј одигра седум меча. Успеа да победи на три, а на четири да одигра нерешено со гол разлика 12:3 или +9. Ова значи дека ако дојдеме барем до бод во Кардиф, оваа генерација на играчи ќе испише историја. Имено никогаш досега едни квалификации ние не сме ги завршиле без пораз, тука не ги сметаме настапите во Лигата на Нации.
Македонија никогаш, ама баш никогаш во едни квалификации за ЕП или СП, во пресрет на последното коло не била во игра за освојување на првото место, па макар тие шанси биле само теоретски.

