Ваквата мерка има за цел да ги подржи младите при формирањето и зголемувањето на семејството. Исто така, има за цел и да придонесе кон подобрување на демографските трендови во Општината, што е еден приоритетите на новиот Советот.
Покрај оваа, на седницата вчера беше усвоена и Одлуката за отстранување неупотребливите, напуштени и нерегистрирани возила од јавните површини.
Советниците ја одобрија Програмата за организиран дочек на Новата 2026 година.
На почетокот од седницата беше верифициран мандатот на советникот Имит Скопко, кој беше отсутен на претходната седница кога беа потврдени мандатите на останатите советници.
Дополнително, Советот ја изгласа и точката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Виница за 2025 година, односно вториот Ребаланс на Буџетот.

