Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Американскиот обвинител под притисок по наредбата за истрага на демократите

    15/11/2025

    Сака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата

    15/11/2025

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари

    15/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството
    Политика

    Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството

    14/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, бидејќи за некој процент што зборуваше, е многу повисик во однос на тоа што значи процент издвоен за судство во европските земји“, рече Димитриеска Кочоска.

    Таа направи споредба со буџетите на судството во изминатите години, како и средствата што тие ги бараат.

    „Нивниот буџет во 2025 година бил 2,85 милијарди денари, па потоа со ребалансот 2,74 милијарди денари, за следнава година се на исто ниво како минатата, а притоа морам да напоменам дека барале 5,22 милијарди денари. Значи од 2,7 милијарди барале 5,22 милијарди денари. Притоа лимитот којшто согласно законот за буџети кога се спрема буџетскиот циркулар, секој буџетски корисник добива од Минстерството за финансии лимит во рамки на којшто треба да си ги планира своите расходи. Лимитот им бил 2,99 милијарди денари. Она што е многу поважно за мене, во однос на платите, платите за 2023 на пример за да направиме споредба биле 1,99 милијарди денари, платите во 2025 се 2,33 милијарди денари, а платите кои ги побарале во тој буџетски циркулар за плати побарале 3,75 милијарди денари. Значи од 2,3 побарале скоро 1,4 милијарди денари повеќе во услови кога имаме фискална консолидација, кога некогаш се трошело многу повеќе отколку што било дозволено, а ние сега треба државата да ја вратиме во нормала што значи следната година треба да постигнеме три проценти буџетски дефицит“, рече таа.

    Министерката повтори дека во моментов се прават анализи за тоа отприлика колкава би била бројката, но тоа мора да се поткрепи, и како што рече, „сега во моменот анализираме, знаеме отприлика каква би била бројката, но мора уште еднаш да се поткрепиме и да се потврдиме од што, бидејќи не е само да кажаме 0,3, 0,4 или 0,8 проценти, туку мора да знаеме од што“.

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството и бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

    Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти. 

    Поврзани вести

    Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8

    14/11/2025

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025

    Измените на кривичниот закон до Нова година ќе влезат во Собрание, но нема да се случи општа амнестија, порача Мицкоски

    13/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.