Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Алонсо ги шокираше навивачите на Реал со изјавата по поразот од Барселона!

    12/01/2026

    Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик

    12/01/2026

    (Фото/Видео) „Супержена“: Откриена е тајната што ја прави да изгледа нереално на 56 години

    12/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»ДИК: Локалните избори 2025 се официјално завршени – резултатите се конечни
    Политика

    ДИК: Локалните избори 2025 се официјално завршени – резултатите се конечни

    12/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Членовите на ДИК го донесоа и дополнувањето на заклучокот за конечност на резултати од гласањето на вториот круг за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и заклучокот за завршување на локалните избори 2025 за избор на членови на советите на општините, Совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.

    Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека денеска е рокот кога ги објавуваат конечните резултати и заклучокот за завршување на изборите, откако вчера ги добиле официјално и одлуките на Управниот суд со кои се одбиени сите тужби, односно со кои се потврдени одлуките на ДИК за одбивање на претходно донесените приговори.

    „Овој заклучок за завршување на локалните избори 2025 година гласи: Со објавувањето на конечните резултати од гласањето во првиот круг спроведен на 19.10.2025 и конечните резултати од гласањето во вториот изборен круг за гласање спроведено на 2.11.2025 година за избор на членови на општините и Совет на Град Скопје и градоначалници на општините и градоачалник на Град Скопје, ДИК информира дека огласно член 31 став 2 точка 22 од Изборниот законик, локалните избори 2025 заклучно со денес 12 ноември 2025 се конечно и официјално завршени“, рече Кондарко.

    ДИК на денешната седница го донесе и дополнување на заклучокот за конечност на резултати од гласањето во вториот круг за избор на градоначалници на општините, за градоначалник на Град Скопје одржани на 2.11.2025 за соодветните општини каде што имаше гласање во вториот круг.

    „По истекот на спроведените законски дејствија и поминатите законски рокови за поднесување приговори до ДИК и за поднесување тужби до Управниот суд, во постапката за сумирање и утврдување резултати од ласањето, ДИК ги објавува конечните резултати за избор на градоначачник на општините во постапката по приговори и тужби каде што постапката е завршена, односно ова дополнување на заклучок за конечни резултати за завршено гласање за вториот круг каде што имаше поднесено приговори и тужби, конкретно : Општина Брвеница- избран кандидат за градоначалник Јовица Илиевски, коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ; Општина Карпош – Сотир Лукровски избран кандидат за градоначачник коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ; Курто Дудуш – Унија на Роми, избран кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари“, посоочи Кондарко.

    На седницата беа објавен и конечните резултати од прегласувањето на избирачките места 2961, 2962, 2966 за избор на членови на Совет на Општина Шуто Оризари спроведено на 2.11 по истекот на законските рокови за поднесување приговори до ДИК и поднесување тужби до Управниот суд.

    „Под реден број 4 на гласачкото ливче Национална алијанса за интеграција (НАИ) има освоено 4 мандати во Советот на Општина Шуто Оризари, под реден бр. 7 на глсачкото личе коалиција ВЛЕН- 4 мандати во Советот, под реден број 9 на гласчакото ливче коалиција Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ – 4 мандати, под реден број 11 Сојуз на Роми – еден мандат во Советот, под реден бр 17 Унија на Роми – пет мандати во советот, под реден број 24 на гласчакото ливче Демократски сили на Ромите – еден мандат во советот“, дополни Кондарко.

     

    Поврзани вести

    Пратениците денеска ќе ја почнат расправата за измените на Кривичниот законик

    12/01/2026

    Во 4 општини се одржуваат повторени избори за градоначалник

    11/01/2026

    Андоновски: Европски стандарди дома и покрај билатералните пречки

    10/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.