Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи. Од почетокот на оваа година до октомври регистрирани се 115 жртви, а во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи, е црниот биланс на македонските патишта.
Министерството за внатрешни работи апелира возачите да бидат внимателни, да не дозволат мобилните телефони да им го одземаат вниманието, да не возат под дејство на алкохол и да не ја надминуваат максималната брзина.
„Не смееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење. Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не го ставаат во ризик својот и животот на останатите учесници во сообраќајот“, велат од МВР,
Од таму апелираат и до родителите да не им дозволуваат на децата да управуваат било какво превозно средство без обука и дозвола.

