Филип Талески пред една недела потврди дека во иднина нема да го гледаме во дресот на Вардар 1961. Македонскиот репрезентативец си замина од редовите на „црвено-црните“ на негово барање, а причинат за сега не е позната, единствено што е сигурно е дека клубот не ги исполнил неговите очекувања.
Талески беше гостин во емисијата „Вистина или не“ на Канал 77, а таму зборуваше за Филип Кузмановски со кого долго време не зборува, како и за Македонија, поточно за Кирил Лазаров, но и за неговите идни планови, во нив нема место за Пелистер.
За Кузмановски кажа дека не зборува со него зошто му направил лошо, а што е тоа кажа дека одговорот го знае популарниот Фитиљ.
„Не разговарам со Филип Кузмановски. Тоа е заради некоја историја. Јас немам никаков проблем со никого и никогаш на никого не сакам лошо да му направам, но некои личности кога ќе направат лошо, само ги пречкртувам и се тргам од нив. Тој мене ми има направено лошо, а за да дознаете која е причината, треба да го прашате него“.

