Со трета победа по ред, екипата на Торонто на самиот старт на НБА сезоната си ги покажа силите, и амбициите кои ќе го водат тимот во следниот период.
Овојпат со 128:11 беше совладан тимот на Молвоки на домашен терен.
Барнс и РЏ Барет постигнаа по 22 поена, а во победничкиот тим имаше шест играчи со над 13 поени. Јанис на другата страна исто така со 22 поени, но не можеше да го спречи најголемиот пораз сезонава на Бакси.
Од друга страна пак, тимотн на Чикаго направи сериозен пресврт во дуелот со Филаделфија во кој анулираше минус од неверојатно 24 поени. Никола Вучевиќ погоди тројка за победа со самиот финиш. Гиди дојде до трипл дабл учинок со 29 поени 15 скокови и 12 асистенции и е првиот играч по Мајкл Џордан кој во дресот на Чикаго на два меча по ред доаѓа до трипл дабл учинок.

