Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени, информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области.
„На средбата беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во кластерите 3,4,5 и 6. Сиљановска-Давкова имаше забелешки на дел од констатациите во извештајот коишто се однесуваат на кластерот 1. Таа, исто така, укажа на потребата евалуацијата да биде заснована врз Копенхагенските критериуми, а не врз политичките услови со коишто се соочуваме две децении“, се вели во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
За амбасадорот Рокас, се додава, сегашниот момент е најдобриот за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција.

