Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Тамба: Во моментов само ни е потребна победа против Брера

    31/10/2025

    Полицијата го уапси возачот кој удри дете и побегна

    31/10/2025

    Васоски: Ако имаме добар ден – можеме да го изненадиме Вардар!

    31/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»По случувањата околу Додик, регионот се подготвува за „ново читање“ на американските политики
    Политика

    По случувањата околу Додик, регионот се подготвува за „ново читање“ на американските политики

    31/10/20259 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Веста ја објави Канцеларијата за контрола на странски средства на САД, но не објасни зошто од списокот отстранила десетици најблиски сојузници на Додик, вклучувајќи ги владините министри, како и неговиот син и ќерка. Српските претставници посочија дека тие тивко работеле на воспоставување подобра соработка со САД, а воедно ги задржале пријателските врски со сојузникот Русија.

    „Изненадување е потегот на Вашингтон, една поширока листа на личности од Босна и Херцеговина, на некој начин да бидат рехабилитирани од нивните претходни пресуди. Засега не е јасно за што се работи. Во секој случај, тоа индицира одредени промени во американската политика, не само спрема БиХ, туку и пошироко. Секако, состојбите во Сараево не се променети, нефункционалноста на државата продолжува и Босна и Херцеговина на некој начин е најнестабилниот дел од регионот, полошо дури и од Косово“, смета македонскиот политички аналитичар, амбасадорот Ристо Никовски.

    Дали укинувањето на санкциите од САД, ќе му ги врати ингеренциите на Додик?

    На Милорад Додик, поранешен претседател на автономната Српска Република Босна, му беше одземен мандатот во август поради, судска пресуда со која му беше забрането да се занимава со политика. Тој беше под санкции на САД од 2017 година поради кршење на мировниот договор од Дејтон, со кој заврши етничката војна во Босна од 1990-тите.

    Во објава на својот профил на Икс, Додик им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговите соработници за корекцијата на она што тој го нарече „голема неправда направена кон Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“.

    „Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние што чесно ѝ служат“, рече Додик.

    Сепак, на 18 октомври пратениците на босанските Срби назначија привремен претседател, признавајќи официјално за прв пат дека Додик се повлекува откако државниот суд му забрани да се занимава со политика. Привремениот претседател ќе ја извршува функцијата до предвремените претседателски избори закажани за 23 ноември.

    Парламентот, исто така, поништи низа сепаратистички закони што беа донесени во текот на изминатата година, откако Додик беше обвинет за непочитување на одлуките на меѓународниот мировен претставник на Босна и на Уставниот суд.

    Западните медиуми го квалификуваат Додик како проруски националист, кој долго време се залагаше за отцепување на Република Српска од Босна и одби да поднесе оставка од функцијата нејзин претседател. Но во одредени политички анализи на случувањата во БиХ, по неговото практично отстранување од политичкиот живот на земјата, со петгодишна забрана за политички активности – тоа беше оценето „како еден од највпечатливите примери на надворешно мешање во внатрешните работи на еден суверен народ“.

    Имено, Додик е осуден на петгодишна забрана за политичка активност поради „непокорување на одлуките на високиот претставник“ – член што до неодамна дури и не постоел во Кривичниот закон на БиХ.

    „Самото тоа ‘кривично дело’ го измисли и го вклучи во Кривичниот закон на Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит – човек кој ја извршува функцијата висок претставник без одобрение од Советот за безбедност на ООН. Неговото назначување не ја помина постапката предвидена со меѓународното право, што ја прави неговата дејност правно ништовна. Во суштина, станува збор за самостојна одлука со која Шмит си присвои право да се меша во животот на цела држава.

    Но токму тој нелегитимен функционер наметна закони и судски одлуки кои ја одредуваат судбината на еден народ. Случајот со Додик не е само политички процес – тоа е показател како Западот ги користи меѓународните институции за да ги елиминира лидерите што му се непријатни. Лидери кои се осмелуваат да водат самостојна политика, да ги штитат националните интереси и да не се потчинуваат на надворешни диктати“, беше оценето во една анализа, пред „изненадувачкото“ укинување на санкциите врз Додик и неговите соработници од страна на САД.

    Како регионот треба да ја чита пораката на одлуката на Вашингтон за „лидерот“ на босанските Срби

    И покрај назначувањето на негов привремен заменик, Додик продолжи да ги извршува должностите и да патува во странство во својство на претседател. Тој рече дека Република Српска нема да ги промени своите политики, а отцепувањето останува негова крајна цел.

    Сепак, американскиот Стејт департмент ги поздрави потезите со укинувањето на санкциите од Министерството за финансии, велејќи дека тие се резултат на напорите предводени од САД „за смирување на кризата во Босна и Херцеговина“.

    „Додиковото почитување на одлуката на судот во Сараево сигнализира дека тој сака да остане во добри односи со администрацијата на Трамп. Тој се откажа од своите најзначајни оспорувања на Дејтонскиот договор за да ја смири Белата куќа, иако ја задржува можноста да започне уште една деструктивна кампања за отцепување “, рече Џеј Труздејл, поранешен американски дипломат со искуство во регионот

    Додик се жали на пресудата на државниот суд пред Уставниот суд, кој се очекува да донесе одлука за неа следната недела. Тој, исто така, се жали на одлуката на изборната комисија да му го одземе претседателскиот мандат.

    Ефектот на изненадување што го направи укинувањето на санкциите спрема Додик од страна на американската администрација, отвори одредени предизвици во регионот за нејзино „читање“, пред сè дали ќе има некакви безбедносни импликации, во смисла на прелевење на некоја политичка напрегнатост.

    „Регионалните рефлексии од случувањата во Босна и Херцеговина не се многу сериозни, во смисла на некакво ширење на небезбедност и несигурност во регионот. Иако, тие не смеат ни да се потценат. Во целина, Балканот е во некаква статус кво позиција, иако настаните во Србија и Косово остануваат недоречени и со одредени предизвици. Вучиќ сè уште се одржува во Србија, иако притисокот е огромен и воопшто не е случаен. Во Косово пак, очигледно е дека САД расчистиле со Курти и нема да му дозволат да остане на власт, дури и да победи на следните избори. Тој не го слуша Вашингтон и самиот си пресуди. Македонија, овој пат ја изоставуваме (заради изборите, нели), бидејќи нашите европски интеграции сè уште се во аут. Но во секој случај, повлекувањето на ‘анатемата’ врз Додик, не сигнализира никаква промена на американската администрација во однос на македонските ‘црнолисташи’ “, прави кратка анализа на регионалната политичка сцена, Ристо Никовски.

    Ј.П.

    Прославата во Бања Лука и разочарување во Сараево за укинувањето на санкциите од САД врз Додик

    Откако Министерството за финансии и трезор на Соединетите Американски Држави (OFAC) во вторникот донесе одлука за укинување на санкциите против водечките политичари на владејачката СНСД, во еден од двата ентитети на БиХ – Република Српска, Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници, вклучувајќи ги и министрите од РС, реакциите на таа одлука сè уште се поделени.

    Политичките партии на Тројката, со седиште во Сараево, кои моментално се на власт на државно ниво на БиХ, но и во Федерацијата на БиХ – СДП БиХ, Народ и правда, чиј лидер е министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, и Нашата партија, се мошне изненадени од најновата одлука на американската администрација и останаа без некои особено остри реакции. Од друга страна, во Бања Лука, каде што СНСД на Додик, која ги контролира и јавните медиуми, е суверена, најмногу се слави таа одлука, заедно со нивните добро познати аргументи кои беа јавно презентирани веднаш по победата на Доналд Трамп во трката за претседател на САД.

    Она што е особено интересно и изненадувачко е брзината на донесување на одлуката, токму во време кога Додик беше во Белорусија, која е најблизок соработник на Русија, поточно на конференција во Минск.

    Покрај информациите за бројни договори за лобирање и трошење буџетски пари за лобирање, што јавно ги промовираше самиот Додик, за што опозицијата во Република Српска предупредуваше цело време, интересна е и најавата на најблиската соработничка на Додик и членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ – дека ќе има уште изненадувања.

    Познато е дека во изминатиот период, Цвијановиќ неколку пати ги посети САД, која и покрај санкциите, доби соодветни визи, се сретна со бројни функционери на новата американска администрација, се фотографираше во американска воена униформа, но сето тоа не беше сфатено сериозно од политичката јавност во БиХ, особено во Сараево.

    Затоа, во реакциите и на независните медиуми, и на опозицијата, и аналитичарите, на одлуката за укинување на санкциите, најмногу критики се упатени кон министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Конаковиќ, кој ја уверуваше јавноста дека „го гаси лобирањето на Додик“, дека „наскоро ќе следи нов напад од американскиот Конгрес“ и дека „нема помош за оние кои лобираат за Додик“, како и за членот на бошњачкото претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој често му суфлираше на Конаковиќ во темните прогнози за довчерашниот претседател на РС.

    Сепак, постојат и мислења на аналитичари со помалку емоции, во кои нагласуваат дека укинувањето на санкциите само покажува дека Додик всушност ги жртвувал сите можни интереси, дури и го довел во прашање неговиот однос со претседателот на Србија, Александар Вучиќ итн.

    А што им ветил Додик на Американците за укинувањето на санкциите врз неговото семејство, нивните компании и многу други блиски соработници, вклучувајќи ги и министрите од РС, само времето ќе покаже. Опозицијата во РС споменува минерали, литиум, јавни енергетски компании, државен имот, итн.

    Дека САД, предводени од Доналд Трамп, ќе имаат нов пристап кон земјите од Балканот, односно Босна и Херцеговина, сведочи фактот дека по заминувањето на амбасадорот од претходната администрација, американската политика во Босна и Херцеговина остана на ниво на вршителот на должноста амбасадор – Џон Гинкел, кој ја презеде функцијата во Сараево, во септември, иако е кариерен дипломат со богато искуство во службата низ балканските земји.

    Секако, по повод укинувањето на санкциите против Додик и неговите соработници, по прославата во Бања Лука и разочарувањето во Сараево, имаше и коментар од оние кои беа автори на таа одлука.

    „Укинувањето на санкциите за поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик и вкупно 48 негови соработници и компании, кои беа на сила во претходните три години, е дел од редовните ревизии што Соединетите Американски Држави ги спроведуваат во врска со санкциите“, објаснува американскиот Стејт департмент.

    „Конструктивните активности преземени од Народното собрание на Република Српска во претходните недели треба да ја подобрат стабилноста на Босна и Херцеговина и ќе овозможат партнерство со САД врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет“, се вели во писмениот одговор на портпаролот на Стејт департментот, што еден ден по соопштувањето на одлуката го емитуваа медиумите во БиХ.

    Емир Фелиќ, новинар од Сараево за Мкд.мк

     

    Поврзани вести

    Денеска завршува изборната кампања за градоначалници, од полноќ молк

    31/10/2025

    Нова изборна постапка во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, 60 дена по завршување на вториот круг

    30/10/2025

    Македонија и шест други земји во ОН гласаа против Резолуцијата за укинување на американските санкции кон Куба

    30/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.