Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Изложба на Аница Китаноска „Скаменети потези: еволуција на формата“ во Битола
    Култура

    Изложба на Аница Китаноска „Скаменети потези: еволуција на формата“ во Битола

    27/10/20251 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вечерва со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на уметницата Аница Китаноска, насловена „Скаменети потези: еволуција на формата“. Изложбата ќе биде отворена во изложбениот простор Магаза – Битола.

    Изложбата ќе ја отворат директорката на НУ Завод и музеј – Битола, Маргарита Спасов, која ќе даде воведен збор, кустосот советник во истата установа, Наде Геневска-Брачиќ, и уметницата Љубица Мешкова Солак, членка на ДЛУМ која живее и работи во Битола.

    Изложбата ја заокружува трилогијата посветена на односот меѓу мозаикот и сликарството. Таа ја истражува трансформацијата на уметничкиот гест во трајна форма, каде што традицијата се преобликува во современ израз.

    Битола, со своето богато мозаично наследство, станува простор на континуитет и преобразба, точка каде што минатото и сегашноста се спојуваат во нова визуелна целина.

    Изложбата се одржува во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), НУ Завод и музеј Битола, Музеј на Град Скопје и со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде отворена од 27 октомври до 12 ноември 2025 година.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Впечатливо издание на Ријана: остави многумина без зборови

    05/10/2026

    (Фото) Ќерката на Никол Кидман зачекори на модната писта за која некогаш само сонувала: „Плачев од радост“

    05/10/2026

    Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

    04/10/2026

    Кривична пријава против малолетник од Скопје за силување и уценување

    03/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Запленета храна со две години поминат рок, фирмата доби забрана за работа

    (Видео) Се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, две земји од регионот одат во финале

    Зејнулаи пред дуелот со Вардар: Дерби не се игра, туку се добива

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.