Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС
    Македонија

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    26/10/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти на 25 октомври 2025 дека на локацијата на поранешниот индустриски комплекс ОХИС нема истекување на линдан. Според МЖСПП, при вонреден инспекциски надзор спроведен во вечерните часови во средата, 22 октомври, не биле констатирани пропусти во безбедноста ниту траги од истекување.

    Иако вчерашното соопштение на Министерството за животна средина вели дека „нема истекување на линдан во ОХИС“, нејасно е на какво точно истекување мислат бидејќи покрај покриената и речиси исчистена мала депонија, во дворот на ОХИС постои и голема депонија на линдан која не е санирана на никаков начин и од која „протекува“ и се расејува канцероген линдан при секој дожд и секој посилен ветер.

    Министерството наведува дека континуирано го спроведува процесот на ремедијација, при што како што велат тие, „малиот линдански лот“, е во завршна фаза. Тоа значи малата депонија на линдан. Според министерството, тие веќе размислуваат и како што велат „одржливи решенија“ за „големиот лот“, што значи големата депонија на линдан во дворот на ОХИС, каде што се проценува дека има повеќе од 50.000 тони контаминирана земја и канцероген линдан. Слична таква депонија со 40.000 тони линдан има и во месноста Пеленица во Драчево, во чија близина деца од околните училишта одат на екскурзии.

    Како што претходно објави Мета.мк во рамките на досегашните активности, од септември 2021 година до денес се транспортирани и уништени 1.932 тони високо концентриран HCH-отпад (линдан) и 586 тони почва контаминирана со HCH изомери, додека во малата депонија преостануваат 636 тони линдан, 2.613 тони контаминирана земја, 1.120 тони контаминиран бетон и околу 70 тони жива.

    Во јули годинава анализите на холандската компанија ТАУ покажаа дека количината на линдан во малата депонија е за околу 51 проценти повисока од првичните пресметки, а контаминираната земја е за околу 61 проценти пониско во почвата. Врз основа на ова, експертите презентираа две финансиски сценарија за завршување на чистењето во период од приближно 36 месеци, со вкупни трошоци меѓу 10,5 и 20 милиони евра, зависно од третманот на бетонот.

    Во август годинава беше забележано дека поради пукната доводна цевка во близина на ОХИС два месеци течеше чиста вода за пиење и се створи езеро во дворот на фабриката што предизвика загриженост дека водата може да ја дојде до зоната на ископување кај малата депонија. ЈП „Водовод и канализација“ излезе на терен откако за овој дефект објавија медиумите и во координација со Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), дефектот беше саниран, водата се повлече и, како што потврди ДИЖС на 25 август, не постоеше опасност да бидат зафатени базените од кои се ископува линдан.

    Линданот и неговите изомери се класифицирани од Меѓународната агенција за истражување на рак во групата 1 канцерогени супстанции, со докажана поврзаност со не-Хочкин лимфом.

    Професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ, во своите истражувања има пронајдено линдан и во водите на реката Вардар пред Велес. Големата депонија во кругот на ОХИС, но онаа во Пеленица немаат никаква заштита. Отткуа, влијанието на канцерогената супстанца не се задржува само на водите, туку загадена е и почвата и воздухот. Радиусот на контаминација само може да се претпостави.

    Линданот е перзистентна хемикалија која долг временски период не се распаѓа во животната средина. Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките.

    Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан. Хроничната (долготрајна) изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

    Линданот е вклучен во Стокхолмската конвенција во 2009 година кога е класифициран во група А, супстанца која мора да се елиминира и да престане да се произведува. Македонија конвенцијата ја потпиша на 23 мај 2001 година, а на 19 март 2004 година таа беше ратификувана во Собранието на Република Македонија.

    Поврзани вести

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт на џез групата Next to Silence во Сули ан

    Црна Гора е вклучена во новиот буџет на Европската Унија каде ќе и бидат издвоени 3.2 милијарди долари

    Крај на хаосот на X мрежата? Маск менува алгоритам што би можел да ги замолчи расправиите и да ги врати пријателите во преден план

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.