Утрово нешто по 10 часот избувна пожар во т.н. „Ќацленд“, шаторот поставен пред Собранието на Србија на „Студентите кои сакаат да учат“, при што се слушнале и пукотници, а една личност била уапсена, јавува Н1.
Според информациите од Бразата помош, пријавата првично била поднесена поради експлозија во еден од шаторите. Медицинските екипи на местото на настанот пронашле маж ранет со огнено оружје.
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека повредениот е во животна опасност и дека ќе биде подложен на итна операција.
Пожарот бил брзо локализиран, а голем број полицајци и понатаму го обезбедуваат просторот. За време на инцидентот во Собранието се одржувала седница, која завршила околу 12 часот, без да биде прекината.
Во тек е расчистување на местото на инцидентот,
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го нарече овој инцидент „терористички акт“.
„Ќе морам да го напуштам овој собир поради терористичкиот акт пред Собранието на Србија и денес ќе морам да се занимавам со други работи,“ изјави Вучиќ.
Причините за инцидентот се сè уште непознати, а истрагата ја водат надлежните полициски органи.

