Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски: Посветени на реализација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство
    Македонија

    Николоски: Посветени на реализација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство

    21/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тој најави голем број на средби со високи владини претставници на македонската владина делегација.

    „Денеска ја започнуваме дводневната работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го органиизра лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер“, изјави Николоски по средбата.

    Тој најави дека во текот на денешниот ден ќе има прием кај неговото кралско височество, кралот Чарлс што, како што рече, е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голема чест.

    „Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада со кој на Македонија ѝ се ставија на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршување на локалните избори кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти“, посочи Николоски.

    Во текот на утрешниот ден, додаде, ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство, министерот за Европа и Северна Америка и со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај што, потенцира, ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Утре потенцира, ќе имаме средби и со неколку други министри.

    „Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме плодна дводневна посета во Лондон. Првата средба  со министерот за трговија и економија покажува дека сме на добра патека и дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство“, изјави вицепремиерот Николоски.

    The post Николоски: Посветени на реализација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

    09/10/2026

    Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

    09/10/2026

    Муцунски: Позициите на Македонија и Бугарија и понатаму се значително оддалечени, но разговорите се во позитивен дух

    09/10/2026

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    08/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Најдобри бои за дневната соба: Една треба да ја избегнувате, го нарушува вашето добро расположение

    Неверојатниот Леброн сам ги влече Лејкерси без Дончиќ против фаворитите (ВИДЕО)

    Русин уапсен во Скопје, изнудувал 20.000 евра со закани за живот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.