Советници во Советот на Општина Куманово ќе имаат и ВМРО-ДПМНЕ – 6, ДУИ – 5, СДСМ – 4, Демократската партија на Србите – 3, коалицијата Вреди – 3, Ред за Куманово – 2 и Левица еден мандат. Во Советот на Куманово има 31 советник.
„Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави синоќа Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во Куманово.
Независниот кандитат Стојковски и граѓанската иницијатива Ред за Куманово, објавија дека кумановци пратиле јасна порака дека време е за промена и време е за ред.
„Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.
The post Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник appeared first on МКД.МК.