„Ние излеговме кандидати со програма за локалните избори за да ги водиме општините следните 4 години. Нашите опоненти од ДУИ излегоа со националистичка кампања, бараа референдум и денеска од народот добија референдум. Значи, ова е најасен глас на народот за промени, за кандидати кои ќе ги ги водат општините, за програми кои ти ги решават нивните проблеми“, изјави Касами.
Актуелниот градоначалник Касами доби околу 4000 гласа повеќе од вториот по број на гласови Бајрам Реџепи од коалицијата Национална Алијанса за Интеграција.
„Во Тетово разликата е над 4.000 гласа, формално ќе треба да се оди во втор круг затоа што ДУИ ги повика пријателите на помош, а тоа се од Левица. Поради гласовите кои ги добија од Левица, треба да одиме на втор круг, но сигурен сум дека во втор круг разликата ќе биде далеку далеку поголема“, рече Касами.
Тој им порача на политичките соперници од ДУИ дека треба да се реформираат.
„Нивните лидери треба да се повлечат да дадат оставка и да пуштат место на новите кадри и да се реформират како партии да дојдат пак на мегдан и да барат гласот на народот“, истакна Биљал Касами.
На собирот на градскиот плоштад во Тетово пред присутните се обратија и кандидатите на коалицијата Вреди за градоначалници во општините во тетовскиот регион за кои исто така ќе има втор круг на гласање.