Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски и Фон дер Лајен се сретнаа зад затворени врати
    Македонија

    Мицкоски и Фон дер Лајен се сретнаа зад затворени врати

    15/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На само три дена пред локалните избори во Македонија, во рамки на својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, зад затворени врати.

    По средбата, немаше изјави за медиумите. Од Владата испратија кусо соопштение во кое информираа за посетата и велат дека на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

    „Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата“, се вели во соопштението.

    We remain fully behind North Macedonia on its EU path.

    You can count on us.

    The next and only step before the opening of the negotiations is clear.

    You need to make the agreed constitutional change.

    The ball is in your court. The EU is ready. pic.twitter.com/s890meaZLP

    — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 15, 2025

    Иако во Скопје немаше изјави за медиумите, по средбата, претседателката на ЕК на социјалната мрежа X напиша дека комисијата целосно ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, но потребно е да се направи промената на Уставот.

    „Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“, напиша фон дер Лајен.

    Таа додаде дека со Планот за раст, во меѓувреме, земјата ќе се приближи до ЕУ.

    „Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“, напиша Фон дер Лајен.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Илјадници жители од Јужна Калифорнија евакуирани поради опасност од експлозија на резервоар со токсична хемикалија

    Условна казна за насилникот од обезбедувањето на премиерот што си ја истепа сопругата

    Турски комичар уапсен поради шеги за Ердоган и верата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.