Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кина со нови ограничувања за ретките минерали, Трамп вели потегот е непријателски

    14/10/2025

    Некогаш важеа за балканска велесила: Србија прво доби шлаканица од Албанија, сега и од Косово!

    14/10/2025

    (Фото) Борис Бекер брои ситно покрај убавицата која е 23 години помлада од него

    14/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Бистата на рускиот државник Меншиков не е доказ дека Русите потекнуваат од античките Македонци
    Македонија

    Бистата на рускиот државник Меншиков не е доказ дека Русите потекнуваат од античките Македонци

    13/10/20256 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Објава на Фејсбук шири псевдоисторија дека Русите потекнуваат од античките Македонци, а како доказ ја нуди бистата на рускиот државник Александар Меншиков (1673 – 1729), врз која е гравиран Александар Македонски, но тоа само по себе не е научен доказ за таквото потекло. На неа е изгравиран и императорот Трајан и други Римјани, па зарем Русите потекнуваат од нив? Се разбира дека не, а причините за тоа се следниве: тоа било време кога уметноста ѝ се навраќала на антиката и кога руските властодршци се споредувале со античките, а науката не била толку развиена и се ширела псевдоисторија дека Русите или општо Словените биле блиски со античките Македонци или Римјаните, пишува „Вистиномер“. 

    Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата во целост:

    Рецензираме објава во социјалната мрежа Фејсбук, во која се вели:

    Овој благородник од Русија го има амблемот на Александар Македонски на облеката и Хефастион со македонските војници.

    Добро знаеле од кого водат потекло…

    Од островот на музеите во Берлин.

    Напишаното се однесува на неколку фотографии споделени во објавата, а на нив гледаме биста од една историска личност од Русија, чија облека е украсена со гравура или релјеф со ликот на Александар Македонски. Фотографиите се од реален музејски експонат и не се фотомонтажи, но проблемот во објавата е толкувањето на тој експонат, кое е научно непоткрепено.

    Како прво, спротивно на она што го тврди објавата, експонатот не е изложен на берлинскиот Музејски Остров (герм. Museumsinsel), туку во њујоршкиот музеј Метрополитен (англ. Metropolitan Museum of Art). Авторот на објавата за себе тврди дека е лоциран во Њујорк, но тој не се потрудил да се информира за ова и да го посети тој музеј, што покажува дека мотивот за објавата не му е искреното истражување, туку можеби дезинформирањето. И, многу побитно од тоа, таа гравура сама по себе не е никаков научен доказ за потеклото на Русите од античките Македонци.

    На бистата е гравиран и римскиот император Трајан и неговата сопруга Помпеја Плотина, како и Ливија Друсила, сопругата на еден друг римски император, Октавијан Август. Па, дали Русите потекнуваат од античките Римјани? Се разбира дека не, но сето тоа ќе го објасниме понатаму.

    Судејќи по преостанатите објави на истиот автор, тој е следбеник на т.н. антиквизација или древномакедонизам, гледишта според кои современите Македонци потекнуваат од античките Македонци, што не е општоприфатено од светската наука, која првонаведениве ги вбројува во словенската етнолингвистичка група, што ги прави поинакви од оние второнаведените.

    Авторот на објавата е и поддржувач на Русија и Владимир Путин (види: тука, тука, тука и тука), иако повремено глуми „неутралност“, па сака да најде врска меѓу античките Македонци и Русите, која е научно неоснована, а за таквата псевдоисторија ние веќе детално сме пишувале.

    Бистата претставена во објавата е изрезбарена од дрво и го прикажува рускиот државник, принц и војсководец Александар Меншиков (1673 – 1729). Тој има контроверзна биографија (види: тука и тука), па прашање е и дали тој може да се нарече благородник како во објавата.

    Според едни тврдења, тој бил благородник по раѓање, а според многу други, потекнувал од семејство на дворски коњушари и продавал пирошки по улиците на Москва. Но, со својата појава и природна интелигенција го привлекол вниманието на Франсоа Ле Форт, најблискиот соработник на рускиот цар Петар Велики, што придонело да се зближи со него и да напредува во кариерата.

    Има шпекулации дека врската меѓу царот и Меншиков била хомосексуална (види: тука, тука и тука), па се споредува со наводната хомосексуална врска на Александар Македонски и Хефестион. И тие се гравирани на бистата на Меншиков, што, според аналитичарите, упатува одредена порака.

    Меншиков учествувал во походите на Петар Велики и се здобил со највисоки воени чинови и титула кнез, а бил и гувернер на руската престолнина Санкт Петербург и извршувал други функции. По смртта на царот, Меншиков дури станал де факто владетел на Русија. Тој бил помоќен дури и од де јуре владетелката на Русија – царицата Екатерина Прва.

    Ние не најдовме негови изјави околу тоа дека Русите потекнуваат од античките Македонци, но дури и да ги има, тие се секако научно неиздржани, а Меншиков не бил никаков научен авторитет. Ако држи раширеното тврдење дека тој имал скромно потекло, тој веројатно немал ни елементарно образование, а камоли да бил стручњак за античка Македонија и етногенезата на Русите.

    За тоа, зошто на неговата биста се претставени антички Македонци и Римјани, има неколку причини. Како прво, во времето на Меншиков било во мода руските властодршци да се споредуваат со оние античките или тоа го правеле вајарите, најчесто најмени од странство.

    И Петар Велики бил споредуван со римските императори, а пример за тоа е неговиот споменик во Петербург, изработен од Карло Бартоломео Растрели (види: тука и тука). Инспирација за тој споменик бил оној на Марко Аврелиј во Рим, а Петар Велики е претставен со ловоров венец на главата како римските императори и со исти сандали, меч и граден оклоп како и тие.

    Петар Велики ја подотворил Русија за западните влијанија, па за изградбата на Петербург биле ангажирани странски уметници и архитекти, со што таму стигнал барокот, а подоцна и класицизмот, кои помалку или повеќе биле инспирирани од антиката.

    Таквата споредба со античките херои се правела и во панегириците (пофалните говори или поеми) за руските властодршци. Во нив Меншиков бил споредуван со Александар Македонски, но тоа само по себе не е доказ за потеклото на Русите од античките Македонци.

    Но, за таквата појава во Русија имало и друга причина. Таму циркулирале псевдоисториски книги како „Кралството на Словените“ на дубровничкиот автор Мавро Орбини или „Грамотата на Александар Македонски до Словените“, според кои тој војувал против нив, но самиот бил еден од нив и на крај стапил во сојуз со нив и им дал земја, привилегии и сл. Такви тврдења изложувал и рускиот автор Карион Истомин во панегириците за Петар Велики. Имало дури и тврдења дека руските цареви потекнуваат од римскиот Октавијан Август или дека биле сродни со него.

    Тоа била, така да се рече, руска антиквизација, но со развојот на науката тоа било отфрлано од интелектуалците како Василиј Татишчев, Михаил Ломоносов или Николај Карамзин.

    Кокетирањето со античката историја било помодарство, при што на неа се гледало со многу митологизирање и романтизирање, што нема врска со сериозната наука и најверојатно тоа придонело за античките Македонци и Римјани на статуата на Меншиков.

    Некои руски властодршци и интелектуалци не верувале во таа антиквизација, но сепак ја ширеле за политички цели, за да ги претстават Русите како древен народ близок со античка Македонија и Рим, за да се зајакне патриотизмот, за да се оправдаат некои територијални претензии и сл.

    Навраќање кон антиката имало и кај руската царица Екатерина Втора Велика. Таа имала замисла за тоа како да се поразат Османлиите, во што главна улога би играле Грците, сметани од Русите за православни браќа. Ова било наречено Грчки проект (рус. Греческий проект), а поведени од хеленофилски чувства, Русите тогаш подигале градби во т.н. грчки вкус, меѓу кои била и Палатата Пела, која сега не постои.

    Тука гледаме и дека сфаќањето на Русите за тоа што била Античка Македонија се менувало, па тие некогаш ја гледале низ словенска призма, а некогаш низ прогрчка. Тоа зависело од периодот, владејачката гарнитура и политичките цели кои требало да се постигнат.

    Ова е сложена приказна, а авторот на објавата ја упростува, дали од неупатеност или намерно, со цел да ги манипулира читателите, во смисла дека тие се наследници на античките Македонци и дека и Русите имаат исто потекло, па затоа треба да се поддржува Путин и сл.

    Сепак, во објавата има и доза на вистина. Таа биста на руска историска личност, на која е додаден и ликот на Александар Македонски, навистина постои и не се работи за некаква фотомонтажа. Затоа, генералниот заклучок би бил дека објавата е делумно невистинита.

     

    Поврзани вести

    Од скопските студентски домови, слободни места има само во „Томе Стефановски-Сениќ“

    13/10/2025

    Пронајдена дрога во домот на студентка од Турција

    13/10/2025

    Трамп размислува дали да ѝ даде ракети со долг дострел на Украина

    13/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.