Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Глобалното затоплување убива по еден човек секоја минута

    29/10/2025

    Од мемоарите на Червар: На едни подготовки сакав да го „убијам“ Стоилов…

    29/10/2025

    Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

    29/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
    Регион

    Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија

    09/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Утрово стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија, поради мнозинскиот руски капитал во компанијата, а НИС ја информира јавноста дека не им е продолжена посебната лиценца на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави, која овозможува непречено оперативно работење. Од компанијата велат дека приоритети ќе им бидат редовното снабдување со нафтени производи на домашниот пазар, како и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените.

    Директорката на малопродажниот оддел на НИС, Бојана Радојевиќ, изјави дека Нафтената индустрија на Србија подготвено ги дочека американските санкции што стапија на сила утрово во шест часот, дека се обезбедени доволни залихи на нафтени деривати и сурова нафта и рече дека нема причина за паника или создавање редици на пумпите.

    „Нашите бензински пумпи се оптимално снабдени со сите видови нафтени деривати, што значи дека имаме доволни количини на залихи, а компанијата исто така вложи напор да обезбеди доволни количини сурова нафта, што е исклучително важно за нас за понатамошно производство“, изјави Радојевиќ за Танјуг.

    Таа им порача на граѓаните дека нема причина за паника и нема потреба да се губи време чекајќи во редови.

    „Кај нас, продажбата се одвива како во редовниот режим. Нема ограничувања кога станува збор за количините што граѓаните можат да ги земат, па затоа нема потреба да се прават залихи, бидејќи снабдувањето ќе биде редовно и во наредниот период“, истакна Радојевиќ.

    Таа додаде дека платниот промет сè уште функционира нормално, но дека може да се случи да биде прекинат во текот на денот.

    „Доколку во одреден момент има промена, ќе имаме други начини на плаќање, односно нема многу да влијае на нашето работење, потрошувачите ќе можат да ги купуваат нашите горива и производи со готовина. Тоа е суштинскиот и најзастапен начин на плаќање во нашите малопродажни продавници, верувам на ниво на цела Србија. Потоа сите платежни картички Дина ќе бидат опција за плаќање, апликацијата за М-банкарство на сите банки и секако нашата апликација“, рече таа.

    Поврзани вести

    По трагедијата во Ново Место, оставки на министрите за правда и внатрешни работи на Словенија

    26/10/2025

    Тројца загинати меѓу кои и дете во трагична сообраќајна несреќа во Белград

    26/10/2025

    Српските студенти ќе пешачат од Белград до Нови Сад за годишнината од уривањето на настрешницата

    25/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.