Иако имаше супер преоден рок, успеа да ги доведе покрај другите и Исак, Вирц, Екитике, раководството на Ливерпул сепак не успеа да го потпише и Марк Гуеи, стоперот на Кристал Палас и актуелен репрезентативец на Англија.
Па така се очекуваше во јануари можеби а во јуни сигурно, еден од најдобрите стопери во Премиер-лигата да се пресели на “Енфилд“.
Сепак последните информации од Англија и Германија велат дека Баерн Минхен и официјално тргнува по Гуеи и дека по Хари Кејн сака уште еден Англичанец во своите редови.
Секако дека и Барселона и Реал Мадрид нема да седат со скрстени раце, веројатно и ПСЖ и Манчестер Сити, а ова значи дека Ливерпул ако навистина го сака Гуеи тогаш ќе мора да плати далеку повеќе пари од тоа што планираше.