„Филипче можеби не знае, но помагањето на Груби за бегство од правдата, претставува кривично дело. Јавното обвинителство (ЈО) барем нека провери како Филипче е во комуникација со бегалец од правдата, кога веќе не го истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото СДС и Филипче“, се наведува во соопштението на партијата.
Оттаму велат дека СДСМ и Венко Филипче се заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски најдлабокиот изборен пораз кој им претстои, изборната кампања, наместо натпревар на идеи, ја претвориле во арена за напад.
„Немајќи што да најдат против актуелната владина гарнитура, СДС и Венко Филипче се фатиле за еден договор во Железници, но не кажуваат колкава е договорената сума. И има за што не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, колку што е договорот за кој зборуваат, Филипче за јахтата ги троши само за бензин за пет дена. А, ако пак, оди на поголема дестинација или побрзо плови по морските води, тие 45 илјади евра ќе ги потроши за бензин, за приближно три дена. Филипче, кој е поранешен министер за здравство е дел од криминалната банда на СДС, кои целосно го уништија македонското здравството. За време на најголемата криза во корона периодот, додека луѓе умираа секој ден, Филипче го злоупотреби здравствениот систем за да врши набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. И додека народот чекаше донации од соседните држави, СДС и Филипче купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од реалната“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.