Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставот на Чаби Алонсо го турка Винисиус кон излезната врата на „Сантијаго Бернабеу“

    28/10/2025

    (Видео) Ај Кју со „Pay the Price“ го продолжуваат музичкиот континуитет

    28/10/2025

    Од користољубие си го убил братот, па го закопал во шупа

    28/10/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ДКСК: Само 42 oтсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори
    Македонија

    ДКСК: Само 42 oтсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

    29/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, имаа обврска во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на локалните избори (до 18 август) да достават податоци до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат институциите. Оттаму информираат дека во наведениот рок, тоа го сториле 42 отсто од институциите.

    „Го објавивме Регистарот на службени моторни возила, како законската обврска од Изборниот законик. Исто така, со цел да се обезбеди транспарентно информирање на јавноста и да се спречи евентуална злоупотреба на службените возила во изборната кампања, ДКСК на својата веб-страница објави податоци за институциите кои немаат доставено податоци за службените возила, како и преглед на податоци за марката и регистарскиот број на возилата од институциите кои не доставиле податоци, а располагаат со службени возила. Обврска да достават податоци имаа вкупно 1.514 институции, а до 29 септември, 635 институции доставија податоци, а 879 институции воопшто не доставија податоци“, се наведува во соопштението од ДКСК.

    Од тие што доставиле податоци, пријавени се 4.079 возила, а 2.558 возила се пријавени после рокот.

    „Во однос на споредбата меѓу податоците што ги доставија институциите и оние што ги добивме од Министерството за внатрешни работи, утврдено е дека кај дел од институциите бројот на пријавени возила целосно се совпаѓаат, но има и значителен број случаи каде што институциите пријавиле повеќе или помалку возила отколку што стои во евиденцијата на МВР“, се додава во соопштението од Антикорупциска.

    Освен тоа, се вели во соопштението, имало и институции кои пријавиле дека располагаат со возила (27 институции), а во податоците на МВР тие возила воопшто не постојат, што укажува на можност возилата да се водат на друго правно лице, но да им бидат дадени или отстапени на користење.

     

    Поврзани вести

    Од користољубие си го убил братот, па го закопал во шупа

    28/10/2025

    Истрага за грабежот во златарница во Гостивар, уапсени двајца осомничени

    27/10/2025

    Поради одрон кај Башино Село сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една коловозна лента

    27/10/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.