Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Почна новата академска година, политичарите ги пречекаа новите студенти
    Македонија

    Почна новата академска година, политичарите ги пречекаа новите студенти

    01/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Околу 13.800 бруцоши денеска го имаат првиот час на македонските универзитети, на првиот ден од академската 2026-2027 година. Годинава, на додипломски студии студираат околу 53.500 студенти, од кои 46.925 се редовни, а околу 6.600 вонредни студенти.

    На најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првиот академски час се одржа на платото кај споменикот на Кирил и Методиј. Министерката за образование Весна Јаневска на студентите им порача дека тие се најголемиот потенцијал што го има Македонија, бидејќи се идните професионалци, иноватори и лидери кои ќе ја градат иднината на државата.

    „Универзитетот е вистинското место за учење, поставување прашања и истражување. Бидете љубопитни студенти и храбри во потрагата по нови знаења“, рече Јаневска.

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на првиот академски час на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде на новите академски граѓани им порача дека во ниедна земја не е поубави отколку дома.

    „Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја, Македонија. Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот, Македонија“, рече Мицкоски пред студентите. Тој им порача и на своите колеги, професори, да им пренесуваат знаење на младите, бидејќи од тоа зависат нивните семејства во иднина, нивните деца и внуци.

    На 23 факултети на УКИМ годинава имаше 8.851 места за бруцоши, а студираат вкупно 26.000 студенти, од кои на додипломски 23.400, а останатите на магистерски и на докторски студии. Во првиот циклус студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на вториот и 99 на третиот циклус студии. По двата уписни рока, на Универзитетот „Св. Климент Охриски“ во Битоа запишани се 1.062 студенти, или 77 повеќе од минатата година.

    Првиот академски час се одржа и на Државниот универзитет во Тетово, „Мајка Тереза“ во Скопје и на „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на другите дваесетина универзитети кои работат во земјата.

    Поврзани вести

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026

    НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

    01/11/2026

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Венчаницата на Тејлор Свифт е огромно изненадување: Таа донесе голема одлука

    (Видео) Таа е на листата на најдобро облечени жени со причина: Креацијата е сон

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.