Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип
    Македонија

    Граѓаните сè уште не можат да се пријават онлајн за вакцина против грип

    13/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Иако сезоната на грип е веќе во ек, граѓаните сè уште не можат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку платформата vakcinacija.mk. На веб-страницата сè уште стои известувањето „Пријавувањето за вакцинација за сезонски грип е завршено“, без можност за поднесување нови пријави. Денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кажа дека пријавувањето мора да се одвива преку „Мој термин“, но електронско пријавување преку платформата засега е оневозможено. Останува неизвесно, од кога заинтересираните граѓани ќе можат да се пријавуваат за вакцина.

    Скриншот од платформата vakcinacija.mk, на која пишува ланско известување дека „пријавувањето за вакцинација против сезонски грип е завршено“

    Клековски информира дека првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а вакцинацијата треба да започне во периодот од 16 до 25 октомври.

    „Втората тура од 26.000 вакцини треба да пристигне до 15 ноември. Во моментот ја организираме логистиката со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардни термини ќе почне вакцинацијата во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври“, рече тој и кажа дека ќе бил првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.

    Мета минатата недела пишуваше дека нема можност за електронско пријавување за вакцина иако сезоната нагрип е веќе во ек. Образложението за доцнењето од надлежните беше дека сите три соеви на сезонски грип се нови соеви, што значи дека производителите во Европа и на другите места започнале со задоцнето производство.

    Во земјава, сезоната на грип епидемиолошки се следи од 40 календарска недела што вообичаено се паѓа на почетокот на октомври и трае до 20 недела од следната година, односно до мај.

    Лани, Министерството за здравство набави 80 илјади дози четиривалентна вакцина од производителот „Абот“ од Холандија. Само во првата половина на октомври лани, за примање вакцина се пријавиле 49 илјади граѓани и само во првиот ден кога започна вакцинацијата, во земјата се вакцинирале 2.000 граѓани.

    Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    Комисијата одлучи: Двајца кандидати не ги исполнуваат условите за прв човек на Антикорупциската комисија, интервјуата започнуваат во вторник

    Почина Брижит Бардо

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.