Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Откриена криминална група што оперирала во Македонија, Грција и Шпанија
    Македонија

    Откриена криминална група што оперирала во Македонија, Грција и Шпанија

    01/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Организирана криминална група, која дејствувала во земјава, но и во повеќе европски држави е разбиена деновиве во голема полициска акција, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Акцијата е спроведена во Прилеп, каде во текот на вчерашниот ден биле извршени околу триесетина претреси, а за 21 лице се подготвуваат кривични пријави кои ќе бидат процесуирани денеска.

    Според Тошковски, постојат сомненија дека дел од групата во изминатиот период дејствувала и на територијата на Грција, каде што се правени повеќе кривични дела, меѓу кои и тешки кражби, а дел од групата оперирала и во Шпанија. Едно од лицата кое било во куќен притвор во Шпанија од каде и побегнало, а сега е обезбедено од македонската полиција и соодветно процесуирано.

    Тошковски информира дека акцијата за организираната криминална група под координација на Јавното обвинителство, траела повеќе од една година. Во рамки на истрагата постојат сомненија и дека одредени криминални дејствија биле потпомагани од полициски службеници кои споделувале информации со членови на групата. Поради тоа, во текот на акцијата биле извршени и неколку претреси кај полициски службеници за кои постои сомнение дека соработувале со дел од осомничените.
    Тошковски информираше и дека член на најтесното семејство на еден од осомничените пред неколку месеци бил уапсен од француската полиција, откако во бункер во неговото возило биле пронајдени 10 килограми кокаин, за кои, според информациите што ги изнесе министерот, целта била да бидат донесени во Македонија.

    При вчерашните претреси била пронајдена и готовина во износ од над 120.000 евра, а биле одземени и околу десет возила, меѓу кои две „Масерати“ и две луксузни возила „Ленд Ровер“. За едното од возилата постојат основани сомненија дека е поврзано со фалсификувана документација.

    „Целта на оваа истрага не е само да го документираме, евидентираме и го процесуираме кривичното дело коешто го правеле сторителите, за коешто имаме собрано доказен материјал во изминатата година, туку целта е и сето она коешто е настанато како последица на кривичните дела, да биде одземено и биде ставено во функција на државата“, истакна Тошковски.

    Тој посочи дека постојат сомненија и за перење пари, односно дека приносите стекнати со криминални активности биле пуштани во правниот промет во Македонија и надвор од државата. Истрагата располага и со трага поврзана со купопродажба на имот во соседна Србија.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Касами: Народот гласаше за промени, ДУИ треба да се реформира

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    Аница Добра гостинка и музички документарен филм за Хаустор на „Синедејс“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.