Кортни Кардашијан (44) инспирацијата за овогодинешниот костим за Ноќта на вештерките ја побара во семејниот албум. Ријалити ѕвездата, која моментално е во поодмината бременост, реши да се маскира во својата помлада сестра Ким (43).
Имено, Кортни ја рекреираше комбинацијата на Ким за Мет Гала во 2013 година, првата на која беше поканета.
Во тоа време Ким беше бремена со својата најстара ќерка Норт, а на црвениот тепих прошета во цветен фустан од Живанши. Таа пристигна со нејзиниот тогашен партнер Канје Вест, а подоцна призна дека навистина не се сеќава добро на таа вечер.
Кога Кортни објави фотографии во ист фустан и со иста фризура, нивните обожаватели знаеја за што станува збор. Некои во коментарите шпекулираа дека ова е шеговит начин на Кортни да одговори на обвинувањата на Ким дека ја копира.
View this post on Instagram
– Кортни дефинитивно е љубоморна на успехот на нејзината сестра. Нема сомнеж – стои во еден од коментарите.
Кортни во мај минатата година се омажи за музичарот Тревис Баркер, а Ким ја обвини дека ја „копирала“ нејзината венчавка.
– Се омажив во Италија, а и таа. Андреа Бочели пееше на мојата свадба, погодете кој пееше на нејзината? Андреа Бочели – изјави луто Ким во нивното реално шоу ‘The Kardashians’.