Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар на Хаваите се зголеми на 106

7

Бројот на загинати во шумскиот пожар на хавајскиот остров Мауи се искачи на 106, што го прави најсмртоносниот пожар во САД во последните 100 години, соопштија властите.

Официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да биде двојно поголем, бидејќи стотици лица се исчезнати.

Официјални лица рекоа дека ќе биде тешко да се идентификуваат жртвите бидејќи пожарот бил толку интензивен што металните конструкции се стопиле.

Претходно гувернерот на Хаваите Џош Грин објави дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 101.

Овој шумски пожар е најсмртоносниот во САД од 1918 година, кога 453 лица загинаа во шумските пожари во Минесота и Висконсин.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ јагленосаните остатоци од историскиот град Лахаина.

Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари.

Оштетени или уништени се повеќе од 2.700 згради, а изгорени се повеќе од 2.100 хектари земја.