Граѓаните бесни, бараат реално зголемување на примањата

27

Мора сега и веднаш да има реално зголемување на примањата. Срамота е во денешно време да не лажат со еден или два денари намалување на цените, но и смешно минимално зголемување на примањата во време на скапотија. Граѓаните бурно регираат оти се живо е поскапено, а платите и пензиите никако реално да пораснат, објави Алфа. Велат дека потребни се достоинствени примања сега и веднаш, оти инфлацијата пред време им ги изла и онака ниските примања. Велат дека сега само преживуваат, наместо достоинствено да живеат како некогаш.

Овие ги преминале сите граници. Срамота е ова што го прават. Јас ќе им дадам 50.000 на оние арамиине во Владата, па тие со овие пари нека ранат цело семејство. Секој ден е се поскапо и поскапо, ова веќе ги поминува сите граници, реагираат граѓани за Алфа, откако бранот поскапувања никако да забави.

Тоа што цената на храната останува „под мраз“ до Нова година, и нема никаков ефект за џебот на граѓаните е неприфатливо и за бизнис заедницата, која е против замрзнување на цените на производите. Миле Бошков од организацијата на работодавачи на Македонија, вели дека Владата мора да носи реални, а не популистички мерки за ублажување на ценовните шокови.

Откако властите на 19 септември под притисок на јавноста ја донесоа одлуката за гарантирана цена, рекоа дека со вакви мерки инфлацијата до крајот на годинава би паднала до 5%, што според економиските експрети и граѓаните ништо не се чувствува во пракса. Претходно неколку пати реагираше и Организацијата на потрошувачи, кои посочија дека не треба да се укинат „акциите и промоциите“ низ маркетите затоа што со тоа купувачите се доведуваат во заблуда.