Автор: Редакција
Вечерва во 20:00 часот во Public Room, Скопје ќе се одржи „Поетроника за млади“, уникатен музичко-поетски перформанс што ја претвора поезијата во живо, звучно и современо искуство.На сцената ќе настапат Оливер Митковски, Андреј Салпе и Радмила Петровиќ, најпрогресивната поетеса од Србија, која ја опишува „Поетроника“ како судир на интензивности, спој меѓу традицијата и електронската култура во време кога уметноста станува сè по хибридна.„Поетроника за млади“ е дел од поширок проект чија цел е да ги доближи младите до поезијата преку современ музички израз и културна размена. Поезијата која општо, но и меѓу младите не е толку популарна, бара време и…
Актерката Сидни Свини веќе некое време е во фокусот на јавноста. Таа неодамна го шокираше светот со својата неверојатна трансформација, а сега најде начин повторно да ја воодушеви јавноста на филмскиот фестивал SCAD Savannah во Џорџија. Се чини дека нејзината филмска кариера само се подобрува, бидејќи доби награда за улогата во биографскиот филм „Кристи“. За оваа посебна вечер, таа одлучи да носи асиметричен бел мини фустан кој ја нагласува нејзината витка фигура, како и долгите нозе. View this post on Instagram A post shared by Ashley (@sweeneysgallary) Креацијата од дизајнерката Стела Мекартни и уникатно прикажува ново поглавје во животот на…
Најмалку 33 Палестинци беа убиени во вчерашниот бран израелски напади во Газа, соопшти агенцијата за цивилна одбрана и болниците управувани од Хамас. Израел ги изврши нападите како одговор на наводно кршење на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Министерот за одбрана на Израел го обвини Хамас за напад во јужна Газа во кој беше убиен еден израелски војник во вторникот и за кршење на условите за враќање на телата на починатите заложници. Хамас тврдеше дека нема никаква врска со нападот и инсистираше дека е посветен на договорот за прекин на огнот. Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдеше…
Во вториот изборен круг во Брвеница, кандидатот на Вреди, Хаким Рамадани, ќе се соочи со актуелниот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Рамадани ја возбуди јавноста најавувајќи соработка со ДУИ, со цел Албанец по секоја цена да победи во Брвеница. Рамадани, кој е и директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја, и дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците, мора да ги води Албанец“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно изјави дека е разочаран од ваквото поведение…
„Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски. „Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, размислува да го напушти клубот на лето. Според АС, Бразилецот верува дека тренерот Чаби Алонсо не го сака и е незадоволен од неговото време за играње.Тензиите ескалираа за време на победата на Реал од 2-1 над Барселона во неделата. Винисиус беше заменет во 72-та минута, што предизвика лута реакција. Тој го напушти теренот и се упати директно кон соблекувалната без да го поздрави Алонсо, иако подоцна се врати на клупата. Додека ја напушташе играта, се слушна како Бразилецот повторува: „Го напуштам тимот, подобро да си заминам“.Според АС, Винисиус е убеден дека неговиот статус во…
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон. Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите. Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение за убиство против 43-годише маж, кој на 27 јули годинава од користољубие го убил својот помлад брат. Според информациите на ОЈО, на роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му смртоносни повреди. Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го…
Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, ја изрази својата поддршка за својот поранешен соиграч Лучијано Спалети, кој е фаворит да го замени Игор Тудор на функцијата менаџер.Јувентус во понеделник објави дека Тудор е отпуштен по серија од осум натпревари без победа и четири последователни непримени голови. „Старата дама“ нема победа од победата од 4-3 во Дерби д’Италија над Интер на 13 септември.Голем број имиња се поврзуваат со работата на стадионот „Алијанц“, вклучувајќи ги Роберто Манчини и Рафаеле Паладино. Сепак, Спалети се смета за фаворит и веќе е во директен контакт со раководството на клубот.„За мене, Лучијано е вистинскиот…
„Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто, која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев.„Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно градско семејство и нивните секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да го запознава реалниот живот.На преминот од детска во младешка возраст, Ванда ја открива љубовта, ги доживува своите први разочарувања и сите други проблеми поврзани со заљубувањето. Тоа води до низа компликации, мали…
