„Не верувам дека има разговори за вклучување во Влен, но дека има разговори за вклучување во Владата – има. Значи, Владата може да се прошири, но во моментов не сме во разговори со господинот Села да биде дел од Влен. За дел од Владата, разговараме со сите оние кои ја прифаќаат владината програма и се подготвени да бидат дел од неа“, изјави минатата недела Билал Касами, копретседателот на Влен.
Овие информации се проширија по средбата на Села со премиерот на Косово, Албин Курти.

