Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лишен од слобода маж од Македонски Брод осомничен дека со тример предизвикал пожар во Брезница

    06/09/2026

    СДСМ удри по Владата за возачот на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата го брани криминалот

    06/09/2026

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    05/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Шест физички и две правни лица под истрага за проневера на 2,2 милиони евра преку осигурително брокерско друштво
    Македонија

    Шест физички и две правни лица под истрага за проневера на 2,2 милиони евра преку осигурително брокерско друштво

    04/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Шест физички и две правни лица се дел од истрагата на Основното јавно обвинителство по кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради проневера во службата и перење пари, со што е прибавена противправна имотна корист од околу 2,26 милиони евра, на штета на повеќе институции и општини.

    Како што информираат од Обвинителството, со истрагата е опфатен сопственик и управител на кривично одговорно правно лице од село Кучевиште, кој воедно бил и неизвршен член на Одборот на директори во кривично одговорното осигурително брокерско друштво, за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела „Проневера во службата“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. За помагање при извршувањето на истите кривични дела осомничени се двајца извршни членови на Одборот на директори во осигурителното брокерско друштво и овластен сметководител и управител на друштво за книговодствени услуги и консалтинг. Раководителот на станицата за технички преглед и помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта се осомничени за помагање при извршувањето на „Проневера во службата“. Со Наредбата се опфатени и две правни лица осомничени за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

    Според доказите обезбедени до овој момент, во периодот од 1 јануари 2021 до 20 јануари 2026 година, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, присвоил 138.877.419 денари, додека останатите осомничени со умисла му помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.

    Како управител на правното лице со дејност вршење технички преглед на возила, првоосомничениот изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до повеќе надлежни институции и општини, како и невистинити уплатници за надоместок за јавни патишта. Раководителот на станицата за технички преглед, како овластено лице, изготвувал и потпишувал фактури и доставувал извештаи со невистинити податоци за наплатените надоместоци.

    Со цел прикривање на паричните средства, наплатените надоместоци биле уплаќани на сметки на осигурително брокерско друштво. Извршните членови на Одборот на директори знаеле или требало да знаат дека дел од приходите потекнуваат од наплата на надоместоци, а не од дејноста на осигурување. Заедно со неизвршниот член на Одборот на директори, средствата ги префрлале меѓу сметките на правните лица и ги мешале со приходите од редовното работење, а дел бил употребен и за купување недвижности во корист на правното лице.

    Осомничениот сметководител евидентирал невистинити податоци во сметководствената документација и поднесувал даночни пријави и годишни сметки кои не ја прикажувале реалната финансиска состојба на кривично одговорното правно лице.

    Помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта, иако била должна да ја следи наплатата на надоместоците и да ги проверува доставените извештаи, свесно не ги презела потребните дејствија. Дополнително, го известувала осомничениот раководител на станицата за технички преглед за износите наплатени на сметката на ЈПДП, наместо правното лице да доставува месечни извештаи до претпријатието.

    Со дејствијата што се предмет на истрагата е прибавена противправна имотна корист од околу 2,26 милиони евра, на штета на повеќе институции и општини.

    Ценејќи дека се исполнети законските услови и со цел обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени и мерки на претпазливост за еден осомничен.

    Поврзани вести

    Лишен од слобода маж од Македонски Брод осомничен дека со тример предизвикал пожар во Брезница

    06/09/2026

    Маврово сѐ уште чека репрогласување и заштита, но проектот за малата хидроцентрала „Рибничка“ си тече

    05/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Лишен од слобода маж од Македонски Брод осомничен дека со тример предизвикал пожар во Брезница

    06/09/2026

    СДСМ удри по Владата за возачот на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата го брани криминалот

    06/09/2026

    Јотова му се пожали на Фицо: Македонија не ги исполнува обврските преземени во 2022 година

    05/09/2026

    ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    05/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Неверојатно: И ова е офсајд, милиметри се во прашање! (ФОТО)

    Бесарт Ибраими: И против Слован ќе го дадеме максимумот, сакаме победа

    СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.