Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Никола Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем, нема проблеми во редовното исплаќање на пензиите
    Македонија

    Никола Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем, нема проблеми во редовното исплаќање на пензиите

    26/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мемов се осврна и на проблемите со кои се соочува пензискиот систем.

    „Менаџментот на Фондот на ПИОМ има изградено јасна визија и анализа со детектирани слабости и аномалии во пензискиот систем кои треба да бидат предмет на реформа на пензискиот систем во иднина. Сите препораки од релевантните финансиски институции и партнери на државава, ММФ и Светска банка, укажуваат на потребата од реформа на пензискиот систем во Македонија имајќи ја предвид долгорочната финансиска стабилност на пензискиот систем. Ние сме свесни за таа потреба и затоа ги правиме сите овие длабински анализи на структурата на пензискиот систем.

    Анализата на стручните служби и на Актуарското одделение во ПИОМ укажуваат на заеднички структурен проблем во пензискиот систем.

    Во повеќе сегменти врската меѓу платените придонеси и висината на пензиското право е ослабена. Оваа појава се јавува во долниот сегмент преку релативно високо поставената минимална пензија, во горниот сегмент преку максималната пензија, а меѓу генерациите преку различниот третман на стажот и на платите според периодот во кој се остварени.

    Главниот заклучок е дека сегашниот дизајн создава различни дестимулации: за дел од осигурениците нема јасна корист од плаќање придонеси на повисока основица, кај високо платените осигуреници по достигнувањето на максималната пензија исчезнува дополнителниот пензиски ефект од продолжените уплати, а кај различни генерации можат да се појават значителни разлики иако личните параметри се исти.
    Пензискиот систем се соочува со проблем што не е само финансиски, туку и институционален и поврзан со довербата на осигурениците. Ако системот продолжи да испраќа порака дека повисоките придонеси не носат соодветно повисоки права, тогаш ќе се зголемуваат стимулите за минимално пријавување, избегнување придонеси и барање алтернативни форми на доход.

    Најсоодветен пристап е постепена, добро образложена и транспарентна реформа што ќе ја зачува социјалната функција на пензиите, но ќе ја обнови врската меѓу уплатите и правата. Таа реформа треба да биде насочена кон поправични пресметки, посилна придонесна база, јасно раздвојување на солидарниот и на осигурителниот дел, повисока доверба во вториот столб и долгорочна заштита на идните пензионери“, вели Мемов во интервјуто.
    Вкупниот број на корисници на пензија во Македонија, до 30 јуни 2026 година, е 350 671 лице. Најниска пензија во трите групи земаат 97.585 лица и таа изнесува, во зависност од групата и од периодот кога е остварено правото, од 20.888 денари до 23.945 денари. Бројот на вработени лица што уплаќаат придонеси, за истиот пресек (јуни 2026 година), изнесува 571.855 лица, а соодносот на покриеност вработени наспрема пензионери е 1,63.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Во Акрата нема мостови“ – нов роман на Миле Бошњаковски

    Што го чека некогашниот гигант во 2026: Ќе се спаси ли Работнички од срамно испаѓање?!

    За Лазаров велеа дека не знае да плива во длабокото, но тој и неговите момци препливаа океан

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.