На Клиниката за инфективни болести и фербрилни состојби, вчера во попладневните часови, почина 72 годишен пациенти со западнонилска треска и со повеќе сериозни придружни заболување, кој се наоѓал во сериозна општа состојба со тешка клиничка слика, информираше денес директорот на клиниката, д-р Фадил Цана.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани 18 пациенти, од кои 15 со лабораториски потврденена западнонилска треска, тројца се на одделот за интензивна нега, а досега вкупно 27 пациенти биле излекувани и испишани од клиниката.
Министерот за здравство, Сашо Клековски информираше и дека од Агенцијата за храна и ветеринарство е потврдена западнонилска треска кај угинат гавран во Ресен.
„Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот“, изјави министерот Клековски.

