Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина
    Македонија

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв (долга 11 километри), се уништени, оштетени или отстранети на Шар Планина, а кои треба да им послужат за планинарите полесно да го најдат патот во зисмки услови. Како што информираат во здружението за одржлив развој САТ – Скопје, причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни.

    Реакција за вандализмот стаса и од австриската амбасада, во која е наведено дека жалат за чинот на вандализам врз проект кој е поддржан токму од оваа амбасада.

    Случајот е пријавен во полиција, по што стручен тим на полицијата, во присуство на претставници на Националниот парк Шар Планина, извршиле увид на терен и ги документирале локациите на кои било утврдено оштетување и отстранување на опремата.

    Зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложија значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра (500.000 денари).

    „Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници. Уништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите и го попречува локалниот развој. Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната маркација честопати е покриена или воопшто не е видлива. Тогаш зимските столбови претставуваат клучни точки за ориентација и следење на безбедната рута. Кога маркацијата исчезнува, не исчезнува само еден столб. Исчезнува точката што може да му покаже на човекот каде да продолжи кога планината околу него повеќе не е препознатлива.  Столбовите на зимската маркација се означени со црвена и жолта боја бидејќи овие бои обезбедуваат најсилен визуелен контраст на зимски терен – практика што се применува во многу европски планински региони и е застапена и во националните правила за планинарски патеки“, наведено е во соопштението до јавноста од здружението.

    Во него е наведено дека уништувањето на планинарската маркација воедно претставува уништување на туристичка инфраструктура неопходна за развојот на планинскиот и активниот туризам.

    „Тоа директно се спротивставува на целта на Националниот парк Шар Планина и локалните општини, прекрасната Шар Планина да ја направат атрактивно, одржливо и безбедно место за посетителите, кое ќе придонесува за локалниот економски развој и ќе биде од корист за селата во околината. Уништувањето дополнително ги доведува во прашање меѓународниот ангажман и поддршка. Очекуваме надлежните институции да ги утврдат сите околности и да постапат согласно со закон, со сериозни последици за оние што го сториле ова кривично дело“, се додава во соопштението.

    Вандализмот е штета за целата планинарска заедница, за Националниот парк Шар Планина, за планинарите, туристите, водичите, спасувачите и за сите што ја користат планината.

    „Затоа, апелираме до сите посетители да ја почитуваат и заштитуваат планинарската инфраструктура и секое оштетување или отстранување на маркацијата да го пријават кај надлежните институции. Им благодариме на волонтерите, донаторите, институциите, компаниите и поединците кои помогнаа во реализацијата на проектот, како и на планинарите кои навремено го забележаа и пријавија уништувањето. Планинарската маркација не е само столб или знак. Во услови на снег, магла и невреме, таа може да ја направи разликата помеѓу безбедното враќање и губењето во планината, што може да заврши со сериозни и несакани последици“, пишува во соопштението.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Уставниот суд и Костадиновски тврдат дека никој нема да ја загрози употребата на Албанскиот јазик

    Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

    Улогите по кои ќе го паметиме Роберт Дувал

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.