Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонската армија одбележува 34 години од формирањето
    Македонија

    Македонската армија одбележува 34 години од формирањето

    17/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Скопје и во Штип денеска со повеќе активности ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје, вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

    Во 18 часот, претходно, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија. Триесет и четвртиот роденден на Армијата ќе биде одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на 2. пешадиски баталјон и други армиски единици.

    Ќе присуствуваат претставници од повисоката команда во Армијата, градоначалници од зоната на одговорност на 2. ПБ (пешадиски баталјон), директори и раководители на јавни претпријатија и установи во Штип, претставници на верските заедници.

    За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска Армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

    Македонската Армија денес е составен дел од најголемиот колективен безбедносен систем откако Македонија во март 2020 година стана полноправна членка на НАТО.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп бара од Конгресот значително да го зголеми воениот буџет за 1,5 трилиони долари за одбрана

    Силјановска-Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква ќе имаме

    Тунелот под Ла Манш блокиран, илјадници патници заглавија пред празниците

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.