Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Стојаноски до опозицијата за Изборниот законик: Седнете и договорете се!
    Политика

    Стојаноски до опозицијата за Изборниот законик: Седнете и договорете се!

    24/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во гостувањето на ТВ Канал 5, Стојаноски рече дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став за измените на Изборниот законик, но дека политичката одговорност сега е кај опозициските партии.

    Според него, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа што им оставила на опозициските партии меѓусебно да ги усогласат различните предлози што ги изнесувале во јавноста.

    „Платформата врз која ние ги поставивме разговорите сметам дека е сосема коректна. Владата беше доволно одговорна и владиното мнозинство да каже дека ќе го прифати сето тоа што опозициските партии ќе го договорат меѓу себе, бидејќи тие беа тие коишто нудеа различни детали во јавноста. Ние кажавме директно и јасно потребно ни е да ги зацртаме реформите 10 од 10, потребни ни се тие средства без разлика дали биле многу или малку, на македонските граѓани им се потребни. Седнете, договорете се за сите разлики коишто ги имате во јавноста, за сите нови услови кои ги поставувате секогаш кога ќе седнеме на масата и ние ќе ви го прифатиме тоа коешто вие ќе го договорите“, изјави Стојаноски.

    Тој нагласи дека не е задача на владејачкото мнозинство да посредува во договорите меѓу опозициските партии и ги повика СДСМ, ДУИ, Левица, како и пратениците на Арбен Таравари и Зијадин Села, да постигнат заеднички став за сите отворени прашања.

    „Ние не можеме место нив да им договараме средба во рамки на Собранието. Нека седнат СДСМ, ДУИ, Левица, пратениците на Таравари и на Села и нека договорат и за заокружувањето, и за поплаките, и за начинот на кој дијаспората треба да се изјаснува, како и за процентот на финансирање, ние тоа ќе го прифатиме. Одговорноста стои таму – тие треба да имаат иницијатива да седнат и да договорат, а не да смислуваат алиби за наредните изборни порази“, порача Стојаноски.

    Осврнувајќи се на гласањето на македонската дијаспора, Стојаноски истакна дека целта е да се зајакне врската на иселениците со татковината и повтори дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи моделот што ќе биде договорен од опозицијата.

    „Зошто сакаме дијаспората да се изјаснува и да се промени системот кој сега е актуелен? Бидејќи нашата интенција е тие луѓе да ги вратиме назад и мораме да ја зајакнуваме врската којашто тие луѓе ќе ја имаат со нивната татковина. На преговорите на кои лично учествував им кажавме дека ако седне опозицијата и се договори за моделот на којшто треба дијаспората да се изјаснува, ние тој модел ќе го прифатиме. Беа против електронскиот модел, понудивме поштенски модел, но и против тоа се“, изјави Стојаноски.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ФОП за новиот закон за високо образование: „Јавните консултации беа фасада на демократијата“

    Македонскиот филм „Неми филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“

    (Фото/Видео) Не се знае чие деколте е подобро, но и двете „пукаат“ од сексапил

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.