Три починати лица се пронајдени во превртено возило на патот од граничниот премин Блаце кон Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа по 22 часот е пријавено дека на патот има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Полицијата утврдила дека во возилото има три починати лица, едно машко и две женски лица. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Претходно, во полициската станица Бит Пазар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на претходниот ден, кога тие биле на аеродромот во Скопје.

