Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пановски: Во Гостивар треба да се прогласи епидемија
    Македонија

    Пановски: Во Гостивар треба да се прогласи епидемија

    19/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани случаи со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар, а тоа значи дека треба да се прогласи епидемија, реагираше вчера микробиологот проф. д-р Никола Пановски во објава на Фејсбук.

    „Во еден град оболеле 30 отсто од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Ова не е политика, епидемиолозите треба да реагираат. Ако прашаат студент на испит „Дали е епидемија, ако во еден град за 5 дена заболеле 30 отсто од населението со исти симптоми?” Ако одговорот е „Не”, студентот ќе падне на испит. Нека им го кажат ова на здравствените власти.  Епидемија масовна во овој случај постои“, напиша Пановски.

    Пред неколку дена, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство, заедно со полицијата и претставници на Министерството за животна средина утврдиле дека во главниот цевковот нелегално е поставена пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар.

    Министерот за здравство Сашо Клековски вчера при посетата на гостиварската болница кажа дека за едно деноноќие во болницата биле примени 260 лица со стомачни тегоби, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел.

    „Првите случаи во болницата се регистрирани на 13 јули, во доцните ноќни часови, иако се можни претходни индивидуални случаи. Вкупниот број надминува илјада пациенти“, кажа тој.

    Сите пациенти имаа стомачни проблеми (дијареја, повраќање), некои со треска (температура) и дехидратација. Се третираа со инфузии (за дехидратација) и симптоматски, а најголемиот дел се упатуваа на домашно лекување. Три деца се задржани на набљудување. Пациентите се од сите возрасни групи, најмногу деца и возрасни со коморбидитети. Повеќето се од Гостивар, но и од околните населени места Вруток, Чегране, Чајле, Дебреште.

    АХВ издеде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар бидејќи откриле пумпа која директно бризгува вода од реката Вардар во системот. Пред околу три недели, надлежните од општина Гостивар на нивната Фејсбук страна известиле дека водата не е безбедна за пиење бидејќи преземале активности за подобрување на притисокот во водоводната мрежа.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп и Мадуро собираат воени сили додека растат тензиите на Карибите

    (Видео) Најбрзата торта на светот – готова за 5 минути: без печење, а сè имате дома

    Овој хороскопски знак носи најголема тага во себе, но секогаш се смее најгласно

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.