Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Како вториот протокол влезе во францускиот предлог – Поповска и Перовски бараат пристап до документите во ЕК
    Политика

    Како вториот протокол влезе во францускиот предлог – Поповска и Перовски бараат пристап до документите во ЕК

    19/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е подносител на иницијативата до Уставниот суд за поништување на т.н. втор протокол, заедно со македонскиот активист од Германија и член на Партијата на зелените, Гоце Перовски, поднеле барање до Генералниот секретаријат на Европската комисија, односно до Одделот за транспарентност и пристап до документи, со кое бараат увид во целокупната комуникација поврзана со подготовката на преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и вториот протокол.
    Во барањето, поднесено согласно регулативата (ЕЗ) бр. 1049/2001 за јавен пристап до документите на институциите на Европската Унија, се бара пристап до правни мислења, анализи, белешки и друга документација изработена од правната служба на Европската комисија, како и од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR, денес DG ENEST).

    Особено внимание е насочено кон преписката меѓу службите на Европската комисија, Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ и Француското претседателство со Советот, во периодот од јануари до јули 2022 година, кога беше финализирана преговарачката рамка за Македонија. Поповска и Перовски сметаат дека токму оваа комуникација може да покаже како вториот протокол од меѓувладина седница (меѓу Македонија и Бугарија, според Договорот за добросоедство) бил вграден во европскиот преговарачки процес.
    Во документот се бара и увид во сите правни оцени што се однесуваат на едностраната декларација на Бугарија за македонскиот јазик, која е приложена кон документите на Советот на ЕУ. Подносителите сакаат да утврдат дали Европската комисија изработила правни анализи за последиците од таа декларација врз пристапниот процес на Македонија.
    Поповска во барањето наведува дека постои силен јавен интерес за објавување на овие документи, бидејќи тие се поврзани со темелните вредности на Европската Унија, со законитоста на пристапниот процес на Македонија и со правната положба на граѓаните со македонско потекло. Таа потсетува дека пред Уставниот суд веќе е во тек постапка по нејзината иницијатива за поништување на вториот протокол.
    Во барањето се повикува и на судската практика на Судот на правдата на Европската Унија, според која секој документ мора да биде оценет поединечно при одлучувањето дали ќе биде објавен, а не може автоматски да се одбие пристапот до цели категории документи. Доколку некои делови се доверливи, Поповска бара да ѝ биде овозможен барем делумен пристап до нивната содржина.
    Од Европската комисија се бара документите да бидат доставени во електронска форма, како и потврда за прием на барањето, со очекување одговорот да биде испратен во рок од 15 работни дена, како што предвидува европската регулатива.
    Иницијативата доаѓа во период кога во Македонија повторно се отвораат правни и политички прашања поврзани со вториот протокол и неговото место во преговарачката рамка со Европската Унија. Доколку Европската комисија одобри пристап до бараните документи, тие би можеле да понудат дополнителни информации за начинот на кој биле донесувани одлуките во текот на преговарачкиот процес во 2022 година.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Публиката од регионот избра: Филмот „Малдорор“ од Фабрис ди Велц доаѓа и во домашните кина

    Скопјанец осомничен за ширење содржини на социјални мрежи што поттикнувале омраза кон македонската држава и идентитет

    Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.