Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Шест лица добија обвиненија за подигнување на брзи кредити на туѓо име
    Македонија

    Шест лица добија обвиненија за подигнување на брзи кредити на туѓо име

    16/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Шест лица добија обвиненија за подигнување на брзи кредити на туѓо име, откако лажирале податоци од Агенцијата за вработување, а вработен во Фондот за здравствено осигурување им обезбедувал единствени здравствени броеви на осигуреници, информира Основното јавно обвинителство Скопје. Лицата ќе одговараат за фалсификување на исправа и злоупотреба на лични податоци и компјутерски криминал, а против вкупно 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за компјутерска измама.

    Како што информираат од Обвинителството, обвинетите во информатичкиот систем на повеќе финансиски друштва внесувале невистинити податоци со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување. Во ова им помагал еден од нив, вработен во Фондот за здравствено осигурување на РСМ и кој им ставил на располагање ЕЗБО број кој претходно го обезбедил преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот. Користеле лажни исправи и ги злоупотребувале личните податоци на оштетени физички лица и притоа од финансиските друштва повлекувале брзи кредити на нивно име.

    „Намерата на обвинетите им била за секој од нив да прибават противправна имотна корист. Четворица од нив со вакви дејствија во периодот од февруари 2023 година до јуни 2024 година, прибавиле вкупна имотна корист во износ од 2,5 милиони денари, а останатите во текот на 2022 и 2023 година прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од дополнителни 659.500 денари. За четири лица кои беа опфатени со истражната постапка јавниот обвинител донесе решение за запирање на истрагата, од кои за двајца не беа обезбедени докази дека учествувале во оваа измамничка шема, а двајца починаа во меѓувреме“, се вели во соопштението од Обвинителството.

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари

    Да студираме бесплатно и да не нè условуваат со продажба на книги, побараа студенти на дебата за новиот Закон за високо образование

    Мицкоски: Ја разбирам сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток.

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.