Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»САД од 2001 година секоја година ја продолжува вонредната состојба за Западен Балкан
    Македонија

    САД од 2001 година секоја година ја продолжува вонредната состојба за Западен Балкан

    25/06/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во претседателски документ од 24 јуни се наведува дека дејствата на поединци и групи што го загрозуваат мирот, меѓународните напори за стабилизација на регионот, како и активностите што го попречуваат демократскиот развој и евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, продолжуваат да претставуваат „вонредна и невообичаена закана“ за интересите на САД.

    Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ В. Буш на 26 јуни 2001 година, со Извршна наредба 13219, која овозможи замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот.

    Мерката се однесуваше на лица поврзани со екстремистичко насилство во тогашна Македонија, попречување на спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН за Косово.

    Во 2003 година наредбата беше проширена со активности што го попречуваат спроведувањето на Охридскиот договор во Македонија. Оваа наредба е поврзана со  „поткопувањето на повоените договори и институции создадени по распадот на поранешна Југославија“ и „широко распространетата корупција што го попречува демократскиот развој и интеграцијата на регионот во евроатлантските структури“.

    Лани беше донесен нов извршен декрет, кој вклучуваше обиди за загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, поткопување на мировните договори, сериозна корупција и избегнување на американските санкции.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Директорот и вработени во УХМР добија кривични пријави за криминал од речиси половина милион евра

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Реформите на ЕУ за правосудството се за плати, не за суштински промени

    Битолскиот диригент Владимир Димовски гостува во Ниш

    Ѓорѓиевски ветува дека по празниците интензивно ќе го чисти Вардариште

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.