Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи
    Македонија

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    17/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Владата на предлог на Министерството за здравство го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување
    Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин. Законот предвидува и можност граѓанинот во секое време да ја промени својата одлука.
    Со овие измени, велат од Минитсрството, за првпат државата ќе има попрецизна слика за подготвеноста на граѓаните, како и за нивото на информираност и доверба кон органодарителството.
    Истовремено, со предложените измени се проширува и кругот на живи дарители, така што покрај досегашните сродници ќе бидат опфатени и други сродници во странична линија до четврти степен, односно и првите братучеди, при што се задржува заштитниот механизам преку етичката комисија, која ќе ја проверува доброволноста на чинот и отсуството на принуда.
    Дополнително, се предвидуваат и други решенија за олеснување на постапките, вклучително и поедноставување на административно-техничките чекори во делот на утврдување и потврдување на мозочната смрт.
    „Со ова законско решение правиме важен чекор кон систем во кој волјата на граѓанинот ќе биде јасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана. Чинот на органодарителство ќе произлегува од слободна и информирана одлука. Во исто време, со проширувањето на кругот на живи дарители создаваме нови можности за лекување, секогаш во строги медицински, етички и законски рамки“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Стармер го критикува Трамп за „ужасните“ забелешки за британските трупите на НАТО во Авганистан

    Хенигман: Игравме против најдобриот тим во светот, можеме да бидеме горди

    Владата ја раскина концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.