Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Расправија во сообраќај завршила како обид за убиство, Обвинителството отвори истрага
    Македонија

    Расправија во сообраќај завршила како обид за убиство, Обвинителството отвори истрага

    08/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Двајца браќа на возраст од 43 и 44 години се под истрага на Основното јавно обвинителство Скопје бидејќи се осомничени дека со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени.

    Настанот се случил на 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, а повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со нивните возила, на разминување, се допреле со ретровизорите и започнале вербална расправија.

    „Осомничениот го фатил за врат и му се заканил, но двајца сведоци на настанот успеале да ја смират ситуацијата. Нападнатиот ја зел сопругата од работа и го повикал брат му за да провери дали по истиот пат можат безбедно да се вратат назад. Во близина на местото на првиот инцидент, во една од грмушките, двајцата осомничени браќа со пиштоли ги очекувале да поминат. Првоосомничениот испукал два куршуми, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица“, информираат од Обвинителството.

    Од таму посочуваат дека во случакот постојат околности што укажуваат дека за осомничените има опасност од бегство, дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе се обидат да го довршат кривичното дело, заради што јавниот обвинител побара притвор за двајцата соизвршители.

    Поврзани вести

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски од Пелинце зборуваше за „предавства“ и „талог“, а потоа повика на обединување

    Уште три дена од изборната кампања, митинзи во Берово, Пехчево, Дебар, Маврово…

    Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.