Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Средба Мицкоски-Кошта, теми за разговор многу: уставни измени, предлогот на Мерц, нови механизми во проширувањето…
    Македонија

    Средба Мицкоски-Кошта, теми за разговор многу: уставни измени, предлогот на Мерц, нови механизми во проширувањето…

    02/06/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари средба со Антонио Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

    Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5 јуни. Претседателот Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

    „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“, изјави Кошта пред посетата на регионот.

    Во Скопје тој ќе допатува од Тирана, каде ќе се сретне со тамошните лидери, а посетата ја започна вчера од Сараево. Утре Кошта ќе се упати кон Приштина, додека в четврток тој ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора. На 5 јуни Кошта ќе биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

    Клучната тема и во Македонија, и во Албанија, Косово, БиХ и во Србија е проширувањето на Унијата и подготовките за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан. Сите земји на Западен Балкан очекуваат дека во Тиват ќе се разговара за недостатоците на самиот процес на проширување.

    Во однос на Македонија позицијата на ЕУ за уставни измени и почеток на преговори досега официјално не е променета. Сепак, по цврстиот став на македонската Влада во однос на внесување на Бугарите во Уставот и барањето гаранции, според изјави на претставници на администрацијата во Брисел и на земјите членки на ЕУ се чувствува дека има одредена промена во европскиот поглед на ова прашање. Македонија во изминатите две децении направила повеќе отстапки отколку која било друга земја-кандидат, велат дел од европските политичари. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е меѓу европските лидери кои јавно укажуваат дека земјата заслужува напредок поради компромисите што ги направи, предупредувајќи дека кредибилитетот на ЕУ трпи штета кога договорените услови постојано се надградуваат со нови барања.

    „Подготвени сме да разговараме со секого на која било тема, подготвени сме да бараме решенија и тука не треба никој да има дилема, но тие решенија мора да бидат достоинствени и тие решенија мора да опфатат заштита на македонскиот национален идентитет“, изјави вчера македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

    Од усвојувањето на францускиот предлог во 2022 година до денес сепак има одредени поместувања. Во Брисел сè погласно се зборува дека сегашниот модел на проширување не функционира доволно ефикасно.

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна изјави дека се потребни нови форми на интеграција, кои би овозможиле земјите-кандидати постепено да се вклучуваат во европските политики и институции уште пред полноправното членство. Во Брисел веќе се разгледуваат модели за поширок пристап до единствениот европски пазар, за фазно членство и постепено преземање на правата и обврските што ги носи Унијата. Европските лиде сè почесто изјавуваат дека сегашниот систем е ранлив на билатерални блокади кои немаат директна врска со европските критериуми и стандарди. А за ова најдобра илустрација претставува блокадата на Бугарија на европската интеграција на Македонија во ЕУ.

    Мицкоски веќе подолго време тврди дека проблемот не се само уставните измени, туку отсуството на гаранции дека по нивното усвојување нема да следуваат нови услови од Софија. Наспроти ова, Венко Филипче, претседателот на СДСМ, упорно тврди дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последната пречка на патот кон ЕУ, па затоа инсистира на референдум за ова прашање.

    Во Софија се доследни: услов не е само внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Следуваат прашањата околу историското наследство, јазикот, националниот идентитет… прашања што длабоко задираат во јазичниот, историскиот и националниот идентитет на Македонците.

    Очигледно е дека ЕУ бара нова формула за проширување, а во Брисел сѐ почесто се предупредува на опасностите од билатерализација на европската агенда и од политички блокади. Кошта денеска во Скопје ќе треба да даде некои одговори во однос на таквата подготвеност на Брисел за да го зачува кредибилитетот на проширувањето.

    А.Д.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    Од понеделник почнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

    Најдобри бои за дневната соба: Една треба да ја избегнувате, го нарушува вашето добро расположение

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.