Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ
    Македонија

    ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

    21/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, информираат од Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ).

    Како што велат од ЗНМ, во фокусот на расправата било прашањето за можни измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои, според дел од учесниците, би можеле негативно да влијаат врз буџетот на МРТ, МРД и АВМУ.

    Како што било посочено на седницата, Владата донела заклучок со кој при пресметката на средствата би се користела 2023 година како основа, наместо претходната година, како што предвидува актуелното законско решение. Според присутните, ваквиот пристап може да ги ограничи капацитетите за спроведување на најавените реформи.

    Од ЗНМ предупредуваат дека секоја измена што директно влијае врз финансирањето на јавниот сервис и медиумскиот регулатор треба да биде транспарентна и проследена со јавна дебата.

    „Намалување на буџетската основа, без јавна расправа и без претходна консултација со Програмскиот совет на МРТ, АВМУ, МРД, новинарските организации и медиумската заедница, создава ризик реформите да останат само декларативна заложба“, посочуваат од ЗНМ.

    Оттаму пренесуваат дека на седницата, претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Давор Пашоски, ја истакнал потребата од нов закон за МРТ, ревидирање на Етичкиот кодекс и поголема соработка со меѓународните организации.

    Новиот директор на МРТ, Зоран Ристоски, посочил дека целта е враќање на кредибилитетот и улогата на јавниот сервис, додавајќи дека МРТ денес има многу предизвици, меѓу кои намалениот број на вработени, од околу 2.000 на околу 600, старосната структура на кадарот, како и условите за работа.

    Според него, потребни биле нови вработувања, дигитализација на архивата на МТВ, развој на нова дигитална платформа и организирање обуки за новинарите и другите вработени.

    Од ЗНМ пренесуваат дека претседателот на организацијата, Младен Чадиковски, оценил оти јавниот сервис треба да биде „лидер, пример и партнер“ во реформите на медиумскиот сектор.

    Тој посочил дека во идните законски измени треба јасно да се дефинира статусот на новинарите и креативниот кадар, кои, според него, не треба да се третираат како јавна администрација.

    Според ЗНМ, извршниот директор Драган Секуловски предложил можности за соработка меѓу ЗНМ и МРТ, меѓу кои поддршка за ревидирање на Етичкиот кодекс, подготовка на нов стратешки план и бесплатни обуки за новинарите преку Тренинг академијата на ЗНМ со поддршка од Делегацијата на ЕУ.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Фудбалерот има 33 години, неговата ќерка 21: Светот е во шок поради неговата животна приказна

    Талески: Се знае што значи победата денес, есенска титула и награда за одиграното

    Нови пет лица уапсени во врска со кражбата во Лувр, меѓу нив е и еден од крадците

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.