Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Со ВЛЕН одамна завршивме“, Лимани излегува од партијата и бара предвремени парламентарни избори
    Македонија

    „Со ВЛЕН одамна завршивме“, Лимани излегува од партијата и бара предвремени парламентарни избори

    06/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Објавата на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, на социјалните мрежи отвори нови тензии во албанскиот политички блок, по најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можни скорешни избори.

    Лимани сподели објава од профилот „Захир Пајазити“, со фотографија од премиерот и порака дека избори ќе има наскоро, додавајќи во описот „со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите!“ Осврнувајќи се на објавата во денешната изјава, Лимани појасни дека станува збор за споделување содржина со која ја потврдил својата позиција за избори.

    „Тоа беше реобјава од еден портал кој го објавил тоа, јас само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен ВЛЕН“,

    Тој денеска изјави дека повеќе не е дел од коалицијата ВЛЕН, нагласувајќи дека на следните избори нема да настапува во рамки на оваа коалиција.

    „Јас и ВЛЕН одамна завршивме“ изјави Лимани, алудирајќи на прекинот на соработката со коалицијата на албанските партии, каде претходно беше вклучен преку Движењето Беса предводено од Билал Касами. Овој чекор доаѓа по несогласувања со раководството на ВЛЕН.

    Лимани, на прашањето дали моментално делува како министер од редовите на ВЛЕН или на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека ја извршува функцијата во интерес на сите граѓани.

    „Јас сум министер на сите граѓани на оваа земја и ќе се обидам да им помогнам во сите аспекти што ми ги дозволува Министерството за социјална политика“, рече Лимани.

    Тој истакна дека поддржува одржување предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека нивното побрзо организирање би било од корист и за државата и за економскиот развој, како и за внатрешно реструктурирање на политичките субјекти, вклучително и ВЛЕН.

    Поврзани вести

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    09/09/2026

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026

    Вилијам Болдвин за конфликтот со Шерон Стоун: „Никогаш повеќе нема да работам со неа“

    09/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Министерството за правда на САД објави илјадници документи од истражните досиеја на Епштајн

    Димитриеска-Кочоска: Данокот од пет отсто ДДВ на новоизградени станови останува ист

    Што се случува во вашето тело ако јадете боровинки секој ден- неверојатно влијание врз мозокот, срцето и варењето

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.