Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во Липково вчера се славеше слободна територија Карадак од конфликтот во 2001 година
    Македонија

    Во Липково вчера се славеше слободна територија Карадак од конфликтот во 2001 година

    03/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Карадак, планински регион во Кумановско, во 2001 година беше симболичен термин за „ослободена“ територија од ОНА/УЧК.

    „Пред нивното возвишено дело и жртва, секој збор останува мал. Тие загинаа за достоинството, слободата и за иднината на нашиот народ. Крвта на мачениците е најголемиот завет за идните генерации и темелот врз кој почива нашата национална гордост. Денес се поклонуваме не само пред нивните гробови, туку и пред славната приказна што ја пишуваат со своите животи. Вечна слава на мачениците на нацијата“, напиша вчера Шаќири на својот фејсбук-профил.

    Тој објави неколку фотографии од прославата пред споменикот на Исмет Јашари, познат како командант Кока на УЧК, загинат за време на конфликтот во 2001 година. Јашари бил активен во вооружените дејства во северниот дел на Македонија.

    Ријад Шаќири е пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Алијанса за Албанците. Тој во февруари годинава на собраниска седница се појави со значка на албанското знаме на реверот, што предизвика тензии. Тогаш, на седница за пратенички прашања реагираше премиерот Христијан Мицкоски кој му забележа на пратеникот Шаќири дека на реверот носи значка со албанското знаме. Премиерот му посочи на Шаќири дека плата добива од буџетот којшто го полнат сите граѓани.

    „Последно што знам вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот којшто го полнат сите граѓани без оглед на етничката припадност. Можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но вие таа можност ја пропуштивте“, му рече Мицкоски на Шаќири.

    Пратеникот одговори дека знамето е негов национален симбол и дека се гордее дека е Албанец. „Ова ми го даде претседателот на Албанија. Кога вие ќе ми донесете значка со Република Северна Македонија, на идната седница ќе ја носам и неа. Но дека сум космополит сум докажал со својата работа. Јас сум лице кое никогаш не правело поделби врз верска и етничка основа“, рече Шаќири.

    Подоцна за време на седницата му беше врачена значка со македонско знаме која тој веднаш ја закачи на сакото.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Бугарскиот премиер изјави дека нападот со беспилотни летала врз два бродови е „кршење на меѓународното право“

    Експлозија во магацин за оружје во Бугарија, евакуирани 300 вработени

    Дезинформациите се предизвик за демократијата, во Македонија се меша странската пропаганда со внатрешната поларизација

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.