Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска – Давкова на „Блесок 26“: ЕУ да ги почитува своите Копенхагеншки критериуми, како што НАТО ги почитува сопствените стандарди
    Македонија

    Сиљановска – Давкова на „Блесок 26“: ЕУ да ги почитува своите Копенхагеншки критериуми, како што НАТО ги почитува сопствените стандарди

    27/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Освен Сиљановска-Давкова како врховен командант на oружените сили, пред присутните се обратија и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и претставник од Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.

    „Самиот назив на оваа вежба многу говори – Блесок 26. Се покажа дека не случајно се нарекува вака оваа вежба, од она што го видовме.
    Докажавме уште еднаш и со презентацијата, ама и со највисоките оценки за лесната пешадиска единица, дека во НАТО постојат високи стандарди за стручност, за компетентност, за подготвеност и за посветеност. Нашиот лесен пешадиски тим целосно ги исполни. Но, тој не постои сам за себе.
    Веќе напоменав во мојот говор дека успешната проверка покажува дека водството на армијата, Министерството за одбрана, носителите на највисоките армиски функции, но најмногу војниците, се најзаслужни за нашата целосна компатибилност со армиите во рамките на НАТО“, истакна таа.

    Таа се осврна и на процесот во врска со оценувањето на компатибилноста на Армијата.

    „Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизациии – и вие или ќе ги поминете, или не. Мојата порака е, она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхагеншките критериуми. Ако нас нè оценуваат според исполнувањето на Копенхашките критериуми, мислам дека поинакви оценки ќе добиеме. Впрочем, ако не се почитуваат високите стандарди, ако се внесуваат двојни стандарди и ако оценувањето не е според исполнувањето на стандардите, туку според барањата и потребите на соседите, сериозен проблем имаме со почитувањето“, нагласи таа.

    Според неа, стандардите треба да важат во сите можни институции, вклучувајќи ја и Европската Унија.

    „Европски стандарди, високо профилирани армии. Европски стандарди во ЕУ, почитувани Копенхагеншки критериуми и, се разбира, рамноправни народи и држави во чекорењето напред. Впрочем, ние треба да се усогласиме, да бидеме стандардни во владењето на правото, во поделбата на власта, во човековите слободи и права, значи во сите неопходни претпоставки за европско функционирање на институциите. Е сега, клучните документи на ЕУ бараат, почитување на националните и културните идентитети, почитување на дигнитетот и интегритетот. Повторувам, молам компатибилност за стандардите. Впрочем, не случајно во рамките на НАТО ние сме високо профилирани, иако сме мала држава. Посакувам, доколку сме подведени под стандарди што важат за сите, да ја докажеме, исто така нашата компатибилност и со европските политички системи, и со стандардите на Европската Унија“, порача претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

    На новинарско прашање, дали по промената на власта во Бугарија и победата на Румен Радев на неодамнешните избори, воспоставила некакви контакти со него, очекува ли некаква промена, бидејќи станува збор за поранешниот претседателел со кој таа имаше неколку средби, Сиљановска-Давкова потврди дека го контактирала и изразила спремност за разговори.

    „Се разбира, јас никогаш не можам да одговарам наместо господинот Радев. Да, добро го познавам како претседател, убедена сум дека ќе биде успешен премиер како што беше председател. Се разбира дека го контактирав веднаш и со порака и устно поразговаравме, изразивме спремност за разговори. Јас мислам дека само тој би можел автентично да ви одговори што можеме да направиме понатаму, или пак со премиерот. Но мислам дека самото тоа што веќе имаме една стабилна влада, зад која што стои огромното мнозинство на граѓаните, покажува дека има шанса навистина да разговарате со некој којшто е легитимен претставник на граѓаните. Инаку, со нестабилните влади, се разбира, многу потешко беше тоа да се стори“, подвлече претседателката Сиљановска-Давкова.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    УХМР: Висок водостој на Вардар и Треска, опасноста од поплави продолжува

    (Видео) Австралиската пејачка во секси костим ги честиташе празниците: Се надевам дека одлично се забавувате

    На осумдесет и седум српски државјани им е забранет влез во Црна Гора пред самитот ЕУ-Западен Балкан

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.