Актерката Лори Лафлин (61) беше видена во Беверли Хилс кога присуствуваше на гала вечера организирана од Здружението за истражување на ракот кај жените, пишува Page Six. Младешкиот изглед на Лори привлече најголемо внимание.
Многу прашина се крена на мрежите кога шминкерката ја сподели објавата на убавата актерка, а луѓето брзо оставија ентузијастички коментари.
View this post on Instagram
Лори за оваа пригода избра фустан со длабоко деколте во црно-бели тонови, а вечерната шминка и фенираната коса надополнија сè. Актерката блескаше во својата седма деценија и покажа дека годините дефинитивно не ѝ значат ништо.
View this post on Instagram
„Изгледа неверојатно“, „Која е нејзината тајна“, „Ова е совршенство“, „Како може сè уште да изгледа толку младо“, „Уникатна жена“, беа само дел од коментарите.
Лори беше во друштво на своите ќерки, кои ги доби во бракот со поранешниот сопруг Мосимо Џанули, со кого исто така беше обележана со скандал.
View this post on Instagram
Двојката беше обвинета за поткуп и помагање на привилегирани деца да се запишат на престижни колеџи, а за тоа беа кратко во затвор.

